По рецептот на баба: Како да подготвите вкусен ајвар во стан?
Ајварот е традиционално македонско јадење, а многумина не можат ниту да замислат да ја поминат зимата без него. Ако немате услови за да го подготвите во двор или некаде на отворено, тогаш овој рецепт за подготовка на ајвар во стан сигурно ќе ви се најде.

Како намаз за леб или како додаток со мезиња, македонската трпеза речиси е незамислива без тегла ајвар.

Овојпат со вас ќе споделиме рецепт за подготовка на ајвар во стан, што сигурно ќе ви се најде ако и вие сте од оние што немаат услови за да го подготват на отворено, или пак, не сакате да подготвувате огромни количини.
Потребни состојки:
- 10kg црвени пиперки;
- 3 големи модри патлиџани;
- 500ml масло за јадење;
- 2 големи лажици сол (променливо по вкус);
- 1 голема лажица шеќер.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
- Пиперките и модрите патлиџани се бришат со крпа и се редат во плехови за печење, по што се ставаат да се печат околу 20-тина минути;
- Испечените пиперки и модри патлиџани веднаш се ставаат во пластични ќеси за да омекнат и лупењето да оди побрзо;
- Кога ќе се оладат, пиперките и патлиџаните се лупат и им се чистат семките, па се ставаат во сад за процедување и се оставаат да се цедат околу 3 часа;
- Откако ќе се процедат, пиперките и модрите патлиџани се мелат со машина за мелење месо и се ставаат да се варат на тивок оган;
- За време на варењето потребно е смесата постојано да се меша, а на секои 20-тина минути се додава околу 100ml масло за јадење (целта на мешањето е маслото да не избие на површината);
- Солта и шеќерот се додаваат при самиот крај на подготовката односно 20-тина минути пред ајварот да биде готов;
- Кога при мешањето со дрвената лажица ќе почне да се гледа дното на тенџерето, тоа значи дека ајварот е готов;
- Додека ајварот се вари, потребно е да ги подготвите теглите. Чистите и измиени тегли се загреваат во рерна на температура од 50 степени и ајварот во нив се става додека сѐ уште е топол;
- На секоја тегла се става по малку топло масло за јадење и истата се затвора со капак, па потоа теглите се прекриваат со чаршаф и ќебе;
- Теглите се оставаат да се ладат постепено околу 24 часа, а потоа се чуваат на студено и темно место.

Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...