Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти со сусам, печени во рерна

Ако сакате да подготвите пилешки прсти за мезе што нема да „пливаат“ во масло и за кои нема да останете еден час пред шпорет - ова е одличен рецепт за вас.

vikend-meze-krckavi-pileshki-prsti-so-susam-od-rerna-01.jpg

Подгответе крцкави пилешки прсти што може да бидат одлично мезе за викенд седенките, без да останете со часови над шпорет и да пржите месо или да потрошите многу масло.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 600g пилешки стек;
  • 2 лажички сол;
  • 2 јајца;
  • Лажичка сенф;
  • Лажичка брашно;
  • 100g сусам;
  • 100g презла.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Пилешкото месо се сечка на тенки ленти и се посолува;
  • Во длабок сад се мешаат 2 јајца, лажичка сенф, лажичка брашно, а во друг сад се мешаат презлата, сусамот и една лажичка сол;
  • Секоја лента месо прво се валка во сосот од јајца и сенф, а потоа се валка во презла и сусам;
  • Лентите се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат околу 25 минути на температура од 200 степени или додека не добијат златно-кафеава боја.

vikend-meze-krckavi-pileshki-prsti-so-susam-od-rerna-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...

Најчитани неделава