Торта со потпечени ролатчиња од тортиљи (од кои се тегне кашкавал)
Тортата од ролатчиња од тортиљи ќе ви стане омилен брз рецепт за оние денови кога не знаете што да зготвите. Исто така може да ви се најде ако сакате да подготвите некое брзо мезе за гости.

Тортиљите ги обожаваат сите – лесно се подготвуваат, можете да ги полните со состојки по ваш вкус, а оваа брза торта од тортиља ќе им се допадне на сите што сакаат сирење и зачинети сувомеснати производи.
Овој рецепт за торта од тортиља е со кулен, но вие можете да изберете друг сувомеснат производ по ваш вкус.
Потребни состојки:
- 10-тина тортиљи;
- 400g кашкавал (гауда, чедар и сл.);
- 200g кулен (или салама по ваш избор);
- доматен сос (или кечап);
- 100-200g моцарела;
- масло за јадење.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
- Се зема една тортиља и се премачкува со слој доматен сос, еден слој рендан кашкавал и 4-5 крукчиња кулен;
- Тортиљата се витка во ролат и со нож секој ролат се дели на 4 еднакви дела;
- Се зема калап за торта и со распрскувач се премачкува со масло за јадење;
- Ролатчињата од тортиља се редат едно до друго исправени во калапот;
- Кога ќе се наредат сите ролатчиња врз нив се додава рендана или дробена моцарела;
- Готовата торта се пече околу 20 до 30 минути на 200 степени или додека сирењето да се стопи во целост.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...