Здраво лепче од банана во Air Fryer – има само 4 состојки и се прави за 15 минути

За да направите лепче од банана во Air Fryer ќе ви требаат само четири состојки и 15 минути, а бидејќи нема путер и масло, станува збор за поздрава варијанта од традиционалниот рецепт. 

zdravo-lepche-od-banana-vo-air-fryer-ima-samo-4-sostojki-i-se-pravi-za-15-minuti-01.jpg

Лепчето од банана е одличен начин да ги искористите презреаните банани кои не можете да ги јадете свежи. Овој рецепт е релативно лесен, но може да биде уште полесен ако го направите во Air Fryer.

Притоа, со овој уред не мора да ставате масло или путер во смесата, па лепчето ќе биде и поздраво.

Инфлуенсерката Лора Најтингејл од Англија сподели одличен рецепт за лепче од банана во Air Fryer.

Рецептот е за мало лепче, кое наликува на мафин, но слободно можете да ги дуплирате состојките.

zdravo-lepche-od-banana-vo-air-fryer-ima-samo-4-sostojki-i-se-pravi-za-15-minuti-02.jpg

Во рецептот Лора користи таканаречено саморастечко брашно (self-rising flour), но ако не можете да најдете такво, можете да користите обично и да додадете прашок за печиво во смесата.

За 100 грама брашно, колку што има во рецептот, ќе треба да додадете една мала лажичка прашок за печиво.

Потребни состојки:

  • 100g брашно
  • 1 презреана банана
  • 2 лажици мед
  • 1 јајце
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  • Изматете го јајцето и испасирајте ја бананата.
  • Во сад ставете ги брашното и медот, а потоа додајте гo изматеното јајце.
  • Додајте ја бананата и добро измешајте ја смесата.
  • Во огноотпорен сад погоден за Air Fryer ставете хартија за печење, па истурете ја смесата.
  • Печете во Air Fryer 13 минути на 180 степени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава