Викенд ручек за гурмани: Потпечени кременадли со зачинет компир

Како да подготвите сочни кременадли што нема да се премногу суви и препечени? Ова е идеален рецепт за вас.

vikend-ruchek-za-gurmani-potpecheni-kremenadli-so-zachinet-kompir-01.jpg

Ова е брз рецепт за подготвување кременадли што може да го направат и најнеискусните.

Иако можеби ви се чини дека подготовката на месо е резервирана само за оние што имаат долгогодишно искуство во кујната, со помош на овој рецепт ќе приготвите вкусно месо што ќе им се допадне на сите.

Како да подготвите вкусни кремендали што не се премногу суви и препечени и кои нема да наликуваат на гума за џвакање? Следете го овој едноставен рецепт.

Потребни состојки:

  • 6 свински кременадли
  • 3 лажици путер;
  • 3 лажици сенаменско брашно;
  • ½ или 1 мала лажица сол (по вкус);
  • ¼ мала лажица црн бибер;
  • 250 ml течност од пилешка супа (или бујон);
  • 2 лажици масло за јадење;
  • 800g излупени и исечкани компири (на тенки крукчиња);
  • 1 кромид со средна големина (исечкан);
  • Црвен пипер и исечкан магдонос.

Начин на подготовка:

  • Во мало тавче на рингла се топи путер, се додава брашно, сол и пипер и се меша додека да добиете еднаква смеса;
  • Во запршката се додава вода од супа и се остава да зоврие. Супата се готви околу 1 минута со постојано мешање додека да згусне, по што тенџерето се трга и се става на страна;
  • Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Во тавче со малку масло се ставаат свинските кременадли да се пржат додека да добијат златно-кафена боја и по желба можете да им додадете сол и бипер;
  • Се зема поголем плех за печење и се премачкува со малку масло, па потоа се ставаат ситно исечканите и излупени компири и исечканиот кромид, а врз нив се додава супата и на врвот се распоредуваат свинските кремендали;
  • Плехот се покрива со алуминиумска фолија и се става да се пече околу еден час на температура од 180 степени;
  • Се вади фолијата и плехот се враќа во рерна да се пече уште половина час.
  • По желба ручекот може да се декорира со црвен пипер и исечкан магдонос.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава