Рецепт за посна, славска погача за почетници + како се прават белите декорации одозгоре?
Како да подготвите посна погача за Свети Никола и за останатите слави во божиќниот пост? Ова е лесен старински рецепт што секогаш успева.

Има нешто посебно во мирисот на домашната погача што се пече за слава.
Ако еднаш го усовршите овој рецепт, секоја година ќе сакате погачата да ја подготвувате сами, а ви приложуваме лесна постапка, што може лесно да ја изведат дури и оние што се апсолутни почетници.
Освен тоа, ако сте од оние на кои многу им се допаѓаат белите украси на погачите, тогаш сигурно ќе ви се допадне и упатството за тоа како сами да направите тесто од кое ќе можете да обликувате украси и декорации.
Посна погача
Потребни состојки:
- 20g квасец;
- 2 големи лажици вода;
- 500g бело пченично брашно (тип 500);
- 2 лажички сол;
- 1 голема лажица шеќер;
- 2 лажици масло за јадење;
- 250ml вода.
- Во мал подлабок сад се ставаат две лажици вода и квасецот и се меша, па се остава да отстои;
- Во длабок сад за месење се ставаат 500g брашно од кое се вадат околу 4 големи лажици настрана во друг сад;
- Во брашното се додаваат 2 мали лажички сол настрана, 1 голема лажица шеќер, 2 лажици масло, а на средина се прави дупче со прстите и се става растопениот квасец и се додаваат уште 250ml вода;
- Од сите состојки се замесува мазно тесто, па се додаваат претходно тргнатите настрана 4 лажици брашно и уште еднаш се премесусва тестото;
- Замесеното тесто се остава да нарасне околу 45 минути;
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
- По ова тестото уште еднаш се меси, па се дели на 2 дела, еден поголем, од околу 500g и еден помал од околу 200g;
- Поголемиот дел се формира во топче, се става во претходно премачкан плех со масло и се покрива со фолија и се остава да нарасне;
- Другиот помал дел се дели на 3 дела од кои се истегнуваат долги ленти и со нив се плетат плетенки, со кои се декорираат краевите на погачата;
- Погачата се декорира со плетенки и со украси што претходно сте ги подготвиле, па се премачкува со малку масло, се покрива и се остава да нарасне уште 10-тина минути;
- Погачата се пече околу 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови;
- Погачата се пече на средина од рерната, без вентилатор.

Бели декорации за погача
Потребни состојки:
- 55g брашно;
- 1 голем лажица густин;
- 1 мала лажичка сол;
- 40ml млака вода;
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се мешаат брашното, густинот и солта;
- Се додава вода и се меси тврдо тесто, притоа треба да се води сметка тестото да биде тврдо како пластелин;
- Тестото се покрива и се остава да отстои 10-тина минути, па од него се обликуваат украси, во форма на цветови, грозје, пченица итн.
- Готовите украси брзо се стврднуваат, па потребно е да ги ставате во ќеса, а пред да ги додадете на погачата потребно е да ги потопите со малку вода за да се залепат.

-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
