Викенд десерт: Орео чизкејк со два вида фил и чоколадни трошки

Очекувајте дека овој чизкејк ќе ви биде меѓу омилените брзи десерти што можете да ги подготвувате во секое време.

vikend-desert-oreo-chizkejk-so-dva-vida-fil-i-chokoladni-troshki-01.jpg

Состојките за овој десерт се достапни во кој било маркет, а нема да имате потреба да вклучувате рерна и да печете.

Доколку сте од оние што сакаат десерти со многу малку кора и неколку видови фил, тогаш оваа торта брзо ќе ви стане меѓу омилените.

Потребни состојки:

  • 36 Орео колачиња;
  • 6 лажици стопен путер;
  • 230ml крем сирење;
  • 30g шеќер;
  • 2 лажици млеко;
  • 350ml шлаг пена;
  • 2 пакетчиња пудинг во прав со вкус на чоколада;
  • 300ml ладно млеко;
  • 100g чоколадни трошки;

Начин на подготовка:

  • Орео колачињата се ставаат во процесор за храна и се мелат, или може да се стават во вакуум кеса и да се искршат со сукало;
  • Трошките се ставаат во подлабок сад, се додава стопен путер и смесата се меша додека не добиете тесто;
  • Готовото тесто се става во обложен плех и со шпатула или со чаша се притиска за да се формира кора;
  • Во сад се става крем сирењето и се мати со миксер додека да добиете пенеста смеса. Се додаваат две големи лажици млеко и шеќер и повторно се мати со миксер;
  • Шлагот се подготвува според упатството на амбалажата;
  • Половина од шлагот се става во мешавината со крем сирење и се мати со миксер додека да се изедначат;
  • Готовиот фил еднакво се распоредува врз кората од орео колачиња и тортата се става во ладилник околу 10-тина минути да се олади;
  • Во друг сад се ставаат 3 пудинзи, 300 ml ладно млеко и се мати со миксер додека смесата да почне да се згуснува;
  • Чоколадната смеса се распоредува рамномерно врз слојот со крем сирење и фил и тортата повторно се враќа во ладилник околу 10 минути;
  • По ова се распоредува остатокот од шлаг пена и се декорира со чоколадни трошки;
  • Покријте го плехот со пластична фолија и оставете го да се олади околу 4 часа во обичен ладилник, или околу 1 час во замрзнувач.

vikend-desert-oreo-chizkejk-so-dva-vida-fil-i-chokoladni-troshki-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...

Најчитани неделава