Без месење и пржење: Похувани пирошки со шунка и кашкавал од рерна
Овие пирошки може да бидат идеално мезе што ќе го подготвите за гости и за седенки, а најдоброто е што нема да имате потреба да седите половина час до рингла и да пржите. Само ги виткате и ги ставате да се потпечат.

Ако сте од оние на кои похуваните пирошки им се меѓу омилените мезиња за седенки со пријателите, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.
Идеални се и за викенд филм и уживање со најблиските. Ќе подготвите брзо и вкусно јадење за само 20-тина минути.
Потребни состојки:
- 10 парчиња тост леб;
- 10 парчиња шунка;
- 10 парчиња кашкавал;
- Малку кечап;
- 2 јајца;
- 200g презла.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови, а јајцата се ставаат во длабока чинија и се матат;
- Со нож се отстрануваат краевите на тост лепчето и малку се растегнува со сукало;
- Со четка за мачкање се нанесува малку кечап, едно парче шунка и едно парче кашкавал;
- Од лепчето се формира ролничка која се потопува во јајца па се валка во презла (особено внимание треба да се посвети на краевите да бидат потопени во јајца и во презла за да не се разлее стопениот кашкавал);
- Готовите ролнички се ставаат на плех обложен со хартија, а се печат околу 10-тина минути на температура од 180 степени Целзисуови.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...