Рецепт за сочна авокадо-песто паста – за љубителите на вкусни и здрави тестенини
Сите состојки за зелениот сос се ставаат во блендер и смесата се соединува со претходно сварена паста по избор. Кој не би го посакал овој вкусен, сочен и здрав оброк за ручек, готов за неколку минути?

Независно дали сте љубител на паста во секакви облици со секаков тип на сосови или повеќе преферирате здрав сос - овој рецепт ќе ви стане омилен.
Се прави од здрави, зелени и свежи состојки, сите се ставаат во блендер и се мешаат со тестенините.
Вкусен, сочен и здрав ручек за неколку минути, кој не би посакал?
Потребни состојки:
- 300g паста по ваш избор (мерени пред подготовка)
- 2 авокада
- неколку ливчиња свеж босилек
- 1 халапењо или друга лута пиперка
- 1 главица лук (претходно наросена со маслиново масло и испечена на хартија за печење за да се топи)
- 75g индиски ореви
- 120г пармезан
- 4-5 лажици маслиново масло
- Сол и бибер за вкус
- Бурата сирење, грчки јогурт или нешто по избор за сервирање

Начин на подготовка:
- Исчистете го авокадото, а потоа ставете го во блендер заедно со пиперката, свежиот босилек, испечениот лук (истиснете ја внатрешноста), пармезанот, индиските ореви, зачините и малку масло.
- Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
- Пастата сварете ја според упатството и во тавата додадете го зелениот сос и добро измешајте за да се соединат.
- Одозгора може да сервирате со бурата сирење или со грчки јогурт и зачини.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...