Кифлички со шунка и кашкавал, готови за 15 минути и без месење – по рецепт на Давор
Нема потреба од месење, се прават со готово лиснато тесто и се полнат со превкусен фил – ќе посакате да ги направите веднаш, а ќе ги снема од трпезата за минута.

Давор, или попознат како Dave’s Kitchen, постојано изненадува со вкусни рецепти кои се подготвуваат многу лесно.
Овојпат за срце ни застанаа вкусните кифлички, полнети со шунка, кашкавал и крем сирење, а се подготвуваат за 15-тина минути, плус времето за печење.
Доколку имате барем еднаш готвено во кујна, нема да ви требаат специјални вештини за да си ги направите овие брзи и лесни кифлички, кои ќе ви станат омилени.
Потребни состојки:
- 250g лиснато тесто
- 3-4 лажици крем сирење
- 100g шунка, тенко исечкана
- 100g кашкавал, тенко исечкан
- 1 јајце, лесно изматено
Начин на подготовка:
- Расукајте го лиснатото тесто на работната површина во правоаголна форма.
- Пресечете го на половина хоризонтално, а потоа пресечете уште двапати вертикално за да добиете вкупно 6 еднакви квадрати.
- Секој квадрат пресечете го дијагонално за да добиете 12 триаголници.
- Секој триаголник премачкајте го со крем сирење, ставете тенко исечкан кашкавал и тенко исечкана шунка.
- Превиткајте ги лиснатите кроасани како кифличка и наредете ги во обложено тавче со хартија.
- Премачкајте со лесно изматено јајце за да мини кроасаните добијат убава златно-кафена боја по печењето.
- Печете во загреана рерна на 190 степени околу 15-20 минути.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...