Рецепт за најлесниот домашен ролат од кој тече чоколадо
Наместо да купувате готови, секогаш е повкусно кога ќе си направите домашен, топол ролат од кој тече вкусен чоколаден крем. Со кого посакувате да го пробате овој десерт?

Иако ваквите десерти се лесно достапни и во продавница, сепак понекогаш е подобро сами да зготвиме нешто домашно.
Овојпат пробајте се во кујна со вкусен, домашен ролат од бело тесто со растопен чоколаден крем.
Звучи примамливо, замислете колку е вкусно кога ќе го пробате топло...
Потребни состојки:
- 5 јајца
- 160g шеќер
- 160g брашно
- 120g чоколаден чипс
- 500g чоколаден крем (по желба со лешници)
Начин на подготовка:
- Во сад истурете 5 белки и изматете ги додека не добиете шлаг.
- Во друг сад ставете ги 5-те жолчки и шеќерот и изматете додека не добиете хомогена смеса.
- Во садот со смесата од жолчки додадете го и брашното и измешајте.
- Постепено додавајте од шлагот и мешајте ја смесата до соединување.
- На крај додадете го чоколадниот чипс и измешајте.
- Истурете ја смесата во плех врз хартија за печење и печете 10 минути на 180С.
- На испеченото тесто истурете го чоколадниот крем, размачкајте насекаде и завиткајте како ролат. Оставете да отстои 60 минути.
- Исечете парчиња и сервирајте со додатоци по желба.
Видео постапка:
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Најлесниот рецепт за домашен леб без месење
Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...