Брз и лесен рецепт за домашен леб
Се сеќавате ли на мирисот на домашниот леб што го печеа вашите баби кога бевте деца? Сега и самите можете да замесите леб по овој едноставен рецепт.

За да го испечете лебот, изберете долгнавеста тепсија со димензии 30 х 10 сантиметри.
Потребни состојки:
- 800g бело брашно
- 600-700ml млака вода
- 1 коцка свеж квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер

Начин на подготовка:
- Ставете го квасецот да стаса со малку млака вода, една лажичка брашно и шеќер.
- Кога ќе нарасне, ставете го во брашното кое претходно сте го просеале во сад.
- Во брашното ставете ги и двете лажички сол и лажичката шеќер. Полека додавајте од млаката вода и замесувајте со рака. Тестото треба да биде меко, но лесно да се обликува.
- Покријте го со ќеса и оставете го во топла просторија да стаса.
- Премесете го уште еднаш и со рацете, поделете го на два дела и направете долгнавести форми во вид на векна леб.
- Ставете ги векните леб во подмачкана тава која претходно сте ја набрашниле. Откако малку ќе порасне тестото, ставете го да се пече во загреана рерна на 250°С.
- Штом се зацрвени кората, намалете ја температурата на 200 степени, а по потреба покријте го лебот и со хартија за печење.
- Пред да го покриете со хартија, премачкајте ја кората со студена вода со четка, за да омекне. Печете 45-50 минути.
- Откако ќе се испече, замотајте го во влажна крпа и оставете го да остине, па послужете го.
А. Ј. | Црнобело / фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
