3-дневно мени за посен ручек за време на велигденските пости (ако веќе немате идеја)

На прагот од третата недела од велигденскиот пост, ако мислите дека веќе нема доволно интересни јадења, ви нудиме 3 вкусни, посни ручеци, по рецепт на нашата нутриционистка Марија Старделова.

3-dnevno-meni-za-posen-ruchek-za-vreme-na-veligdenskite-posti-ako-vekje-nemate-ideja-01.jpg

Додека многумина постот го сфаќаат страшно и мислат дека можат да јадат само леб, ајвар, мармалад и уште неколку манџи, има и такви кои прават магија во кујната со посни состојки.

За да не лутате и да ви помогнеме со идеите ако веќе се исцрпивте, ви предлагаме неколку посни јадења, по рецепт на Марија Старделова, холистички нутриционист.

3-dnevno-meni-za-posen-ruchek-za-vreme-na-veligdenskite-posti-ako-vekje-nemate-ideja-02.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил може да најдете уште повеќе идеи, а во продолжение погледнете го нашиот избор.

Чорба од наут (вкупно време на подготовка: 30 минути)

Потребни состојки:

  • 1 конзерва Наут исцеден (водата сочувајте ја)
  • 3 моркови поголеми, исечени на тркалца
  • 1 црвен кромид ситно исечкан
  • 3 дршки целер исечкан
  • 1 домат изрендан или ситно исечкан
  • 1 зеленчукова коцка за супа растворена
  • 1 шака макарони од леќа/пченка
  • 2 лажици маслиново масло
  • зачини по желба (сол, бибер, копар)

Начин на подготовка:

  • Во поголемо тенџере на оган ставете го маслиновото масло, кромидот, морковите и целерот. Гответе додека да оменат, на среден оган.
  • Исцедете го наутот (по желба можете и да го излупите) и водата сочувајте ја во тегличка.
  • Откако ќе омекне зеленчукот додадете го наутот и оставете да се готви уште малку.
  • Додадете го доматот и зачините и убаво промешајте.
  • Додадете ја растворената супа и макароните и оставете да се вари 10-15-тина минути.
  • По желба, послужете со свеж магдонос.

3-dnevno-meni-za-posen-ruchek-za-vreme-na-veligdenskite-posti-ako-vekje-nemate-ideja_02.jpg

Ќофтиња од Леќа (вкупно време на подготовка: 50 минути)

Потребни состојки:

За леќата:

  • 1 шолја зелена леќа
  • 3 чешниња лук исечкан
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка димена пиперка, плус зачини по желба

За ќофтињата:

  • 2 с.л. Ленено семе мелено
  • 2 с.л. Нутритивен квасец
  • ½ шоља Бадеми мелени
  • 1 Кромид издинстан
  • 2 с.л. Вегански Пармезан
  • 1 к.л. Зеленчуков зачин
  • 2 к.л. Димена пипер
  • ½ к.л. Сол
  • ½ к.л. Бибер

Начин на подготовка:

  • Најпрво сварете ја леќата со лукче и малку маслиново. Варете 20-тина минути додека не ја упие целата течност и да омекне. Ова можете да го направите и претходната вечер.
  • Потоа, во друго тенџере, издинстајте го кромидот и оставете го малку да се олади.
  • Во процесор за храна ставете ја претходно сварената леќа, заедно со издинстаниот кромид и сите останати состојки за ќофтињата и пулсирајте додека да добиете еднолична смеса.
  • Со лажица земајте еднаква количина и формирајте топчиња.
  • Наредете ги на тавче за печење, обложено со хартија за печење и пропрскајте ги со малку маслиново (1 лажичка).
  • Ставете ги во претходно загреана рерна на 170°С и печете ги 15-тина минути, додека да заруменат и да станат крцкави.

3-dnevno-meni-za-posen-ruchek-za-vreme-na-veligdenskite-posti-ako-vekje-nemate-ideja_03.jpg

Паста во сос од kарфиол (вкупно време на подготовка: 45 минути)

Потребни состојки:

За сосот: 

  • ¾ карфиол исечкан
  • 1 црвен кромид
  • 1 главица лук
  • 1 лажица имена пиперка
  • 2 лажички куркума
  • 1 лажичка зеленчуков зачин
  • 1 лажичка сол
  • ½ шолја млеко од соја
  • 2 лажици нутритивен квасец
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица маслиново масло

За паста и зеленчук:

  • 3 моркови ситно исечкани
  • 3 млади кромитчиња ситно исечкани
  • ½ шолја грашок
  • 1 шолја прокељ (или зеленчук по желба)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица маслиново амсло
  • 200g посна паста по желба

Начин на подготовка: 

  • Исечкајте го карфиолот, и ставете го во подлабок сад заедно со зачините. Промешајте и оставете да се маринира.
  • Исечкајте го кромидот на четвртини. Лукот грубо излупете го - но не ги вадете лушпите комплетно.
  • Обложете тавче за печење со хартија за печење или фолија и ставете го карфиолот, кромидот и лукот да се печат, 30-тина минути во претходно загреана рерна на 170°С.
  • Во тенџерето кадешто ќе ги варите тестенините ставете го грашокот да се вари.
  • Во посебно тенџере издинстајте го младиот кромид, морковот и прокељот (или зеленчукот што ќе го корисите) додека да омекнат. Можете да ги динстате на маслиново или на вода.
  • Откако карфиолот кромидот и лукот ќе се испечат, во блендер ставете половина од карфиолот заедно со кромидот и лукот, којшто ќе го извадите од лушпите.
  • Додадете ги останатите состојки за сосот и изблендајте додека да добиете кремаст сос. Доколку е густ, ставете му малку од водата во која се варат грашокот и тестенините.
  • Тестенините ги варите во водата со грашокот согласно потребното време за варење.
  • Во тенџерето кадешто го динстате зеленчукот, додадете го карфиолот што го сочувавте и сосот.
  • Додадете ги тестенините и грашокот и промешајте.
  • Откако сосот ќе се згусне е готов за послужување.

3-dnevno-meni-za-posen-ruchek-za-vreme-na-veligdenskite-posti-ako-vekje-nemate-ideja_04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg