Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар

Бирајте млади тиквички

Бирајте тиквички со мазна кора, на кои нема гребнатини или пукнатини.

Запомнете: колку тиквичката е посвежа, толку нејзината кора е помазна, а тоа значи дека има помали семки и е повкусна за јадење.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-07.jpg

Морковите со зелени делови се најдобри

Кога бирате моркови секогаш барајте ги оние помалите, затоа што се посочни и повкусни.

Дополнително, барајте моркови на кои не им се откинати зелените делови, затоа што тие најлесно ќе ви укажат дека станува збор за свежи производи што не биле долго време во магацин.

Исто така, морковите што се кафеави најверојатно биле долго време чувани во магацин, а оние кои имаат пукнатини најверојатно се презреани.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-08.jpg

Помалите модри домати се повкусни

Убавите модри домати имаат сјајна кора. Ако имаат мат боја на кората, тоа значи дека најверојатно не биле чувани добро, па може да немаат добар вкус.

На допир, модрите домати треба да бидат цврсти, да немаат меки делови, а за да бидете сигурни дека нема да горчат најдобро е секогаш да ги бирате помалите плодови.

Објаснувањето за тоа е едноставно: поголемите плодови зрееле подолго време, имаат повеќе семе и заради тоа може да горчат.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-09.jpg

Кога купувате цреши, внимавајте на мирисот

Темноцрвените цреши најчесто се поблаги од светлоцрвените, но имаат помал рок на траење.

Исто така, внимавајте на мирисот што се шири. Доколку забележите мирис на вино, тоа значи дека најверојатно станува збор за стари плодови и дека процесот на ферментација веќе започнал.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-10.jpg

Погледнете го коренот на ротквичката

Кога бирате ротквички, погледнете ги убаво врвовите на корените. Ако врвот на коренот е свеж и светол, тогаш станува збор за свежи производи. Оние со овенати корени најчесто се стари или не биле чувани правилно.

Ротквичките треба да бидат цврсти, без пукнатини и при допир не би требало да почувствувате празнини.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава