Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар

Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавестите за сос, тркалезните за салата. Како да ги изберете најсвежите производи на пазарче?

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-01.jpg

Благодарение на модерната технологија, сега можеме да купиме свеж зеленчук и овошје во текот на целата година, но сепак пролетта и летото се период кога тезгите на пазарите се преполни со производи.

Ако и вие сте од оние што кога одите на пазар никогаш не знаете кои производи треба да ги купите, тогаш овие 10 совети сигурно ќе ви бидат добредојдени.

Запомнете на кои работи треба да внимавате кога ги избирате свежите производи на пазар, за дома да си отидете со полни ќеси вкусни плодови.

Како да ги изберете најсвежите продукти?

Краставиците треба да бидат цврсти и темнозелени, без жолти делови

Жолтите делови укажуваат дека краставиците се презреани, а црните дека има делови што веќе се расипани.

Дополнително, ако краставиците се свиткани и меки на допир, тоа значи дека долго време стоеле во магацин и нема да бидат свежи.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-02.jpg

Долгнавестите домати се за сос, а тркалезните се за салата

Постојат повеќе видови домати, а при изборот треба да ја имате на ум и намената за кои ги купувате. Долгнавестите домати се наменети за готвење – имаат повеќе месест дел, а семето може полесно да се извади.

Тркалезните домати имаат помал рок на траење, а затоа што имаат потенка кора, идеални се за да се консумираат свежи.

Свежите домати најлесно ќе ги препознаете по бојата на дршката. Ако таа изгледа свежо и со убава темнозелена боја, тогаш станува збор за свежи производи.

Доматите со сува и безбојна дршка најверојатно долго време стоеле во магацин.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-03.jpg

Зелени пиперки

Зелените пиперки се основна состојка на голем број традиционални летни јадења, но за да ги изберете најдобрите потребно е да проверите дали се цврсти и дали имаат темнозелена боја.

Ако површината на пиперките е стуткана, тоа значи дека ја загубиле влажноста, почнуваат да овенуваат и не се свежи.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-04.jpg

Бирајте ги помалите јаготки

На пазарите има огромен избор на јагоди, но најчесто помалите плодови се поблаги и повкусни од покрупните.

Запомнете дека јагодите не зреат дополнително по берењето, па затоа не треба да избирате плодови со жолти делови на нив.

И кај јагодите, слично како кај доматите, дршката е главен показател за тоа колку се свежи – ако е свежа и зелена, тогаш станува збор за свежи јаготки.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-05.jpg

Колку праските се поцрвени, толку се поблаги

Колку праските се поцрвени, толку се поблаги. Пожолтите праски обично се поцврсти и имаат вкус што е малку горчлив.

При допир, добрите праски не треба да бидат премногу цврсти - ако праската е тврда како камен, тоа значи дека е набрана премногу рано и сè уште не е зрела.

Дополнително, за да изберете убави праски треба да му верувате и на сетилото за мирис. Најубавите праски често шират силен пријатен мирис што може да се почувствува оддалеку.

10-trikovi-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-na-pazar-06.jpg

Уште пет производи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава