8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец

Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од индиската кујна се достапни (и популарни) и кај нас, а прават огромна разлика во вкусот на храната.

8-indiski-zachini-so-koi-kje-gotvite-kako-profesionalec-01.jpg

Индиската кујна е позната по многуте зачини што се користат во јадењата, а кои навистина прават огромна разлика во вкусот.

Со правилно комбинирање на зачините, дури и од обичен варен ориз можете на направите кулинарско ремек-дело.

Повеќето популарни индиски зачини се достапни и кај нас, и тоа по релативно ниска цена, што значи за малку пари можете многу да му го подобрите вкусот на секое јадење што го правите.

Осум индиски зачини кои треба да ги користите почесто:

Кардамом

Кардамомот има впечатлив вкус и мирис, а во индиската кујна се додава во оброци со месо, зеленчук, па дури и десерти.

8-indiski-zachini-so-koi-kje-gotvite-kako-profesionalec-02.jpg

Чили

Чилито е одличен додаток и на вегетаријански, и на јадења со месо.

Совршено е за оние кои сакаат лута храна и му дава посебен шмек на јадењето.

8-indiski-zachini-so-koi-kje-gotvite-kako-profesionalec-03.jpg

Коријандер

Можете да го користите коријандерот и свеж и сушен, а е одличен додаток во јадења со ориз.

Добро оди и во маринада за месо, но и во јадења со риба.

8-indiski-zachini-so-koi-kje-gotvite-kako-profesionalec-04.jpg

Цимет

Индијците најчесто го користат циметот како додаток во чај, но тој го подобрува вкусот на секој десерт.

Одличен е во комбинација со чоколадни десерти, но и сутлијашот кој е доста популарен кај нас.

8-indiski-zachini-so-koi-kje-gotvite-kako-profesionalec-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава