Како да заштедите на храна, а сепак да се храните здраво?

Секогаш пазарете со листа, а пред да одите во продавница, проверете што ви останало дома, но и направете неделно мени.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-01.jpg

Факт е дека периодов, високите цени на храната се најголем проблем за многумина.

Дури и сезонските намирници се поскапи од вообичаено, па секое одење во продавница треба да биде добро испланирано.

Па, како да заштедите на храна (во текот на целата година), а сепак да се храните здраво?

Носете си храна од дома

Кога сте излезени од дома на подолг период, секогаш е добро да си носите храна со себе.

На работа нема да трошите пари за јадење, а и кога ќе си донесете нешто од дома, знаете дека ќе изедете поздрав оброк.

Кога, пак, имате повеќе обврски надвор, ако со себе имате некое овошје, па и сендвич направен од дома, помала е веројатноста да застанете и да купите оброк од некаде.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-02.JPG

Замрзнувајте сезонски билки

Ако користите свежи билки во готвењето, купете поголемо количество кога им е сезона и кога се поевтини, па ставете ги во замрзнувач.

На овој начин ќе ви бидат достапни во текот на целата година, без да давате повеќе пари во студените месеци.

Во добро затворен сад или пластична кеса, билките ќе траат и повеќе од шест месеци во замрзнувач.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-03.JPG

Направете си мала градина

Ако имате двор, секогаш можете да засадете домати, пиперки, лубеници, јагоди… Растенијата како домати и јагоди не зафаќаат многу простор, па можете да ги засадите и во саксија на тераса.

Иако ќе ви раѓаат само кога ќе бидат во сезона и ќе бидат мала количина, сепак ќе ви заштедат некој денар.

Во домот секогаш можете да засадите и зачини како оригано или босилек кои на собна температура, ќе виреат во текот на целата година.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-04.JPG

Изблендирајте и замрзнете зеленчук

Додека спанаќот е во сезона и поевтин, можете да купите поголемо количество, да го изблендирате со малку вода, па да го ставите во калапи за мраз.

Вака изблендиран може да биде добар додаток за смути, сосови, супи, чорби, печива… Истото можете да го направите и со домати, но и со овошје како јагоди.

Ако сакате да ви трае подолго, откако блендираниот зеленчук (или овошје) ќе замрзне, извадете го од калапите за мраз и ставете го во добро затворена пластична кеса, па така чувајте го во замрзнувач.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-05.JPG

Максимално искористете го замрзнувачот

Порано луѓето имале навика да замрзнуваат поголемо количество храна, а овој трик може да биде корисен и денес.

Кога ќе начекате нешто со пониска цена, на пример месо, купете поголемо количество и ставете го во замрзнувач.

Генерално, размислете што сè можете да ставите во замрзнувачот, и кога ќе го начекате на пониска цена, направете си залиха. Ова важи и за овошје и зеленчук.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-06.JPG

Максимално користете ги остатоците од храна

Гледајте секогаш да ја искористите целата храна што ви останала.

На пример, ако сте вареле или печеле зеленчук и не сте го дојале, следниот ден изблендирајте го и направете крем супа. Ако ви останале тестенини со сос, следниот ден додајте им кашкавал и запечете ги во рерна. Некои оброци можете и да ги замрзните.

Бидете креативни и секогаш мислете на тоа како да ја искористите преостанатата храна, пред да зготвите нешто ново.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-07.JPG

Некои продукти купувајте ги на големо

Ако често користите брашно, тогаш поисплатливо ви е да купите поголема амбалажа. Истото важи и за намирници како ориз, грав, тестенини, леќа…

Ова се продукти кои траат долго, а генерално се поевтини ако ги купувате во поголемо количество.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-08.JPG

Направете неделно мени

За да не се случи да заборавите дека сте купиле нешто, па да го фрлите, направете си неделно мени со оброци, па пазарете според тоа.

Водете се и според тоа што е во сезона, односно планирајте јадења со намирници кои овој период се поелитни.

На овој начин максимално ќе ја искористите купената храна и нема да бидете во ситуација да не знаете што да јадете, па пак да нарачате нешто.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-10.JPG

Држете до листата со намирници

Кога ќе дојде ред за пазарење, секогаш правете си листа поред неделното мени. И, избегнувајте да купувате други работи.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-09.JPG

Проверувајте што имате во фрижидерот

Пред да отидете во продавница, проверете и што имате дома – ако има намирници кои се пред расипување, гледајте прво да ги искористите нив.

Кога ќе знаете што има дома, нема и да го купувате истото нешто неколкупати, со што секако ќе заштедите.

kako-da-zashtedite-na-hrana-a-sepak-da-se-hranite-zdravo-11.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали сте опседнати со здрава храна (и зошто ова може да биде проблем)? Орторексија претставува опсесија со здрава храна до тој степен, што има влијание...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“ „Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат з...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg