8 трикови со кои ќе го познаете најсвежото и најсочно овошје во продавница
Проверете ја дршката на праските, а кај лубениците, фокусирајте се на бојата на ригите.

Сите сакаме максимално да ја искористиме сезоната на свежо овошје како лубеници и праски.
Но, ако ви се случува да ви се расипуваат брзо или секојпат ви се погодуваат овошја кои не се сочни или благи, сигурно ќе ви се најдат следниве трикови.
Како да го познаете најсвежото и највкусното овошје во маркет?
Проверете ја дршката на праските
Ако дршката на праската има зелена боја, не ја купувајте бидејќи веројатно била набрана прерано и уште е незрела.
Дршката треба да има кафеава боја.

Не купувајте јагоди кога е дождливо
Ако неколку дена времето било дождливо, избегнувајте да купувате јагоди.
Јагодите се деликатно овошје кое лесно се расипува. Па, ако биле изложени на повеќе влага поради дождот, многу брзо ќе скапат.
Тропнете ја јаболката
Кога купувате јаболка, тропнете на нив – ако звукот е како да тропате на дрво, тоа значи дека се свежи и доволно зрели.
Ако звукот е малку придушен тогаш може да се презреани и да не се многу вкусни.
Можете и многу нежно да ги притиснете – ако се малку меки, тогаш не се свежи.
Обрнете внимание на бојата на дршката на грозјето
Покрај тоа што треба да ги проверите зрната, обрнете внимание и на дршката на грозјето.
Ако има кафена боја, тоа може да значи дека грозјето е набрано поодамна, па нема да биде многу вкусно, и побрзо ќе ви се расипе.
Дршката треба да биде светло зелена и да не се крши ако малку ја свиткате.
Проверете ја тежината на цитрусните овошја
Ако се двоумите меѓу два лимона или кои било цитрусни овошја, споредете ја тежината.
Оние кои се потешки, обично се и посочни.
Не се фокусирајте многу на бојата на мангото
Постојат разни видови манго кои имаат разни бои кога се зрели, па затоа не треба да се потпирате многу на ова.
Наместо тоа проверете ја цврстината – зрелото манго е цврсто, но сепак е малку меко кога ќе го пристигнете, како праска.
Ако е тврдо како камен, тогаш уште не е зрело, а ако е многу меко, тогаш е презреано.
Исто така, обрнете внимание ирисот – ако мангото мириса слатко, тогаш е зрело. Ако е презреано, може да има и малку кисел мирис.

Купувајте зелени банани
На сите ни се случило да купиме грозд банани и веќе следниот ден да се потемнети.
Бананите се овошје кое продолжува да зрее и откако ќе се набере. Па, затоа е најдобро да ги купувате позелени, за да ви траат подолго.
Истото важи и за некои други видови овошје, како сливи, праски, нектарини и киви.
Проверете ја големината на линиите на лубеницата
Тропањето по лубеницата може да биде корисен трик, но ако немате многу искуство, тешко ќе препознаете каков звук треба да слушнете.
Но затоа, пак, може да ви помогнат ригите на лубеницата – ако растојанието меѓу две темни риги е околу два прста, лубеницата е доволно зрела и со тоа поблага.
Исто така и потемните риги можат да бидат знак за поблага лубеница.

Спирова С. | Црнобело
