Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната)

Ја преполнувате тавата

За храната да се испржи добро, без разлика дали е зеленчук помфрит или месо, не треба да ја преполнувате тавата.

Ако ја преполните, тогаш нема да ја испржите храната, туку ќе биде како да сте ја готвеле на пареа. Притоа, нема да се зготви рамномерно.

greshki-vo-kujna-shto-gi-pravime-site-a-vlijaat-vrz-vkusot-na-hranata-6.JPG

Ја превртувате храната многу рано и многу често

Со честото превртување на храната не правите ништо бидејќи не ѝ давате време да се зготви.

Ако, на пример, правите палачинки, не брзајте да ги превртите бидејќи ќе ви останат залепени на тавата. Почекајте додека долната страна целосно да се испече, па дури тогаш превртете ја.

greshki-vo-kujna-shto-gi-pravime-site-a-vlijaat-vrz-vkusot-na-hranata-07.JPG

Претерувате со преливот за салати

Без разлика што користите како прелив за салата, немојте да ја „давите“ салатата во него.

Исто така, подобро е прво во садот да го ставите преливот. Ставете прво половина од количината што мислите да ја употребите, додајте ја салата и промешајте.

Дури потоа додајте уште малку прелив ако сметате дека е малку. На овој начин на дното нема да ви се прави локва од прелив.

greshki-vo-kujna-shto-gi-pravime-site-a-vlijaat-vrz-vkusot-na-hranata-8.JPG

Ставате масло во водата кога варите тестенини

Ако додадете масло во водата со тестенини, нема да го спречите лепењето бидејќи маслото ќе исплива на површината.

За да не ви се залепат тестенините, треба повремено да ги промешувате додека се варат.

greshki-vo-kujna-shto-gi-pravime-site-a-vlijaat-vrz-vkusot-na-hranata-9.JPG

Не го оставате испеченото месо да отстои

Ако веднаш го исечете месото откако ќе го испечете, тогаш во внатрешноста ќе биде суво.

Доколку го оставите да отстои 10-тина минути, ќе има време соковите од него да се распоредат, па целото месо ќе биде сочно.

greshki-vo-kujna-shto-gi-pravime-site-a-vlijaat-vrz-vkusot-na-hranata-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
6 работи што треба да ги фрлите од кујнските шкафчиња, дури и ако не им е поминат рокот на траење Стари зачини кои не се сеќавате кога сте ги отвориле, но и брашно кое со месеци ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg