Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“

Велигденските јајца, ако се тврдо варени, најбезбедно е да се јадат во рок од 7 дена, под услов да се чувани во фрижидер.
Најчеста грешка е што по бојадисувањето или по празничното послужување стојат предолго на собна температура. Ако јајцата не се чувале во фрижидер, препорачливо е да се изедат што е можно побрзо.
Најдобро е по варењето и боењето да се остават да се изладат кратко, а потоа да се вратат во фрижидер.

Ако лушпата е напукната, јајцето треба да се изеде побрзо, а ако има необичен мирис, променета текстура или сомнителен изглед – не треба да се ризикува.
Со еден збор: велигденските јајца се јадат до 7 дена, но само ако биле правилно чувани во фрижидер и не стоеле долго надвор“.
Прочитајте и Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали месото (не) треба да се мие пред готвење?“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: pexels.com
