Зошто треба да консумирате благ компир?

Индискиот или благиот компир не е премногу застапен на нашата трпеза, но овие неколку причини ќе ви покажат зошто треба да го внесете во вашето мени на исхрана.

zosto-treba-da-konsumirate-blag-kompir-1

Овој компир масовно се одгледува во Америка, Африка, Азија, а во последно време е доста застапен и на нашиот континент.

Нема воопшто да погрешите ако обичниот компир го замените со благиот, а во тоа ќе ви докажат и овие причини:

Извор на витамини

Благиот компир е извор на витамини и тој ги содржи витаминот Б6, голема количина на витаминот Ц и витаминот Д. Со негова редовна консумација ги спречувате настинките и вирусите, а и вашиот организам побргу се справува со болестите. Освен тоа, благиот компир го редуцира стресот и го брани организмот од токсини кои можат да бидат поврзани со настанокот на ракот.

Богат со магнезиум и калиум

Еден од најсилните антистрес минерали е токму магнезиумот, кој можете да го пронајдете во благиот компир. Овој минерал е неопходен на нашиот организам за здрави артерии, коски, срце, мускули и нерви.

Калиумот кој се наоѓа во овој зеленчук го регулира отчукувањето на срцето, но и нервниот систем. Освен тоа, калиумот помага при бубрежните заболувања, опуштање на мускулната маса и намалување на отоци.

zosto-treba-da-konsumirate-blag-kompir-3

Огромно количество на бета-каротен

Благиот компир е со изразена портокалова боја и според тоа јасно е дека содржи количество на бета-каротен. На тој начин, овој зеленчук помага при одржување на видот, го зајакнува имунитетот и содржи силен антиоксиданс кој не заштитува од канцерогени заболувања.

Контролирање на шеќер во крвта

Иако содржат јаглехидрати, благите компири помагаат во регулирање на шеќер во крвта. Тие се богати со влакна, што значи го забавуваат испуштањето на гликоза во крвта и помагаат во регулирање на шеќерите.

Благиот компир е доста корисен во кулинарството и може да го приготвувате на различни начини. Печете го во рерна, на скара, направете пире, може да го користите во супи или чорби или додадете го во вашиот утрински шејк. 

Би можело да ве интересира:

6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg