3 Нездрави грешки кои ги правиме при нарачување на брза храна

Уморни сте, под стрес, гладни, а последно нешто на што помислувате е готвењето, па го земате телефонот и нарачувате храна од својот омилен ресторан.

3-nezdravi-greski-koi-gi-ravime-pri-naracuvanje-na-brzata-hrana-1

Веќе сигурно знаете дека храната која ја порачувате содржи високо количество на калории и нема хранливи вредности.

Овие 3 грешки ги правите со константното порачување на оваа храна: 

1. Го јадете целиот оброк

Повеќето ресторани кои имаат достава, нудат големи порции, но тоа не значи дека вие треба да го изедете целиот оброк. Тоа што сте го порачале е веројатно планирано за повеќе од две личности, па затоа пред да почнете со јадење одредете си колку ви е доволно. На тој начин, ќе го избегнете проблемот со вишокот килограми и ќе го зачувате здравјето.

2. Контрола врз храната

Доколку денес ви се јаде мрсно, тогаш порачајте си и задоволете си ја вашата желба. Уживањето во храната е уште поголемо кога ја задоволуваме нашата желба за она што токму во тој миг сакаме да го јадеме. Но, тоа не значи дека ако купите храна дека треба половина оброк да го изедете по пат накај дома. Поентата е да седнете на маса, да си наточите пијалак и да уживате во вкусовите.

3. Концентрирајте се

Кога сме сами дома, често јадеме пред телевизор или пред компјутер, а на тој начин сме деконцентрирани и не обрнуваме внимание на храната. Тоа е во ред, но се додека обрнувате внимание на тоа колку јадете. Значи ако сте порачале пица, ставете ја во чинија, бидејќи консумирањето директно од кутија пред телевизор може лесно да доведе до прејадување.  

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава