6 начини како да ги преполовите трошоците за храна

Сакате да заштедите некој денар така што ќе ги намалите трошоците за храна, без да ви недостасува нешто? Еве 6 совети од човекот кој успеал во оваа мисија.

5-nacini-da-gi-prepolovite-trosocite-za-hrana-01.jpg

1. Планирајте го купувањето

Пред да се упатите во супермаркетот, испланирајте ги намирниците кои ви требаат за следните неколку ручеци. Во тоа треба да учествува целото семејство. Откако ќе направите план, проверете што имате во ладилникот, а што треба да докупите. Може да се изненадите од корисните состојки кои ќе ги пронајдете на последната полица или во последната фиока.


2. Собирајте бодови

Секогаш разгледајте ги понудите кои ги нудат големите маркети и купувајте од таму кога и да можете. Извадете ја секоја можна картичка за попуст и собирајте ги купоните кои ви ги даваат со секоја сметка.


3. Купувајте на попуст

Причекајте неколку часови или денови ако е потребно, пред да ги пронајдете омилените производи на попуст. Секој план на исхрана може да претрпи промени. Ако оваа седмица пилешкото месо има неверојатен попуст, купете малку повеќе од вообичаено. Никогаш не знаете дали цената ќе се накачи уште утре.


4. Не купувајте спакувана храна

По правило мислиме дека храната на парчиња или веќе спакуваните намирници се поевтини. Но, не секогаш е така. Добро проверете и споредете ја цената на спакуваните производите со оние на мерење, па потоа одлучете.


5. Заборавете на марките

Повеќето производи имаат ист вкус и квалитет, само различна амбалажа и име. Имајте го тоа на ум следен пат кога ќе се одлучите да купите скапа храна само заради името.


6. Плаќајте исклучиво со пари

Заборавете на картичките или уште подобро оставете ги дома. Ова е најсигурниот начин на кој никогаш нема да ја надминете сумата која сте ја планирале, а и вешто ќе ги одбирате намирниците кои ви се навистина неопходни. На крајот, може да си заминете и со кусур.

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg