5 намирници кои предизвикуваат акни

Изборот на намирници кои треба да се внесуваат во организмот е многу важен, како за целосното здравје, така и за изгледот. Некои од намирниците се главни предизвикувачи на акни и брчки, затоа треба да избегнувате да ги консумирате.

5-namirnici-koi-predizvikuvaat-akni-01

Сол

Премногу сол го запира процесот на хидратација што доведува до отекување, па тогаш телото не може да се бори против акните, бидејќи нема доволно сила. Наспроти тоа, оревите содржат витамин Е, калциум, железо, сè што поттикнува природна хидратација и одржување на нејзиното ниво.


Леб и рафинираните житарки

Овие намирници можат да го зголемат нивото на инсулин, што дополнително ги олеснува во појавувањето на акни во поголем број. Кафеавиот ориз може да биде одлична замена, бидејќи содржи протеини и витамин Б.


Школки

Морските плодови, школките и јастозите претставуваат висококалорични  намирници кои може да ги затворат порите и да предизвикаат појава на акни. Туната или сомот се многу подобар избор за да ја заштитите вашата кожа. Богати се со Омега-3 и Омега-6 масни киселини, кои не ги затвораат порите и кожата може слободно да дише.


Млеко

Млекото и сите млечни производи се богати со биоразградливи хормони,но доколку се консумираат во големи количини може да предизвикаат проблеми на кожата. Затоа се препорачува мала промена во исхраната со внесување дополнително брокули, кои содржат витамини А, Б, Ц, Е и К. Тие ја опуштаат вашата кожа и ја одржуваат младолика.


Алкохол

Виното, пивото и коктелите се супер по напорниот ден, но ја дехидрираат кожата, а можат и пребрзо да доведат до настанување брчки. Наместо алкохол, земете авокадо кое освежува и е богато со витамин Е.

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава