Ви се јаде благо или солено? Еве што значи таа желба

Често пати се лажеме дека желбата за одредена храна има психолошка природа, без да размислиме на сигналите кои телото ни ги испраќа.

vi-se-prijade-cokolado-ili-slanina-eve-sto-znaci-taa-zelba-01.jpg

Затоа следен пат кога ќе ви се пријадат тестенини, чоколади или парче сланина, откријте што ви недостасува во организмот:

Леб и тестенини - Недостаток на кислород

Ако телото ви бара повеќе јаглехидрати, можно е да ви недостасува кислород. Без разлика што телото ве тера да сварите тестенини, вие одберете риба, месо или јаткасти плодови. Така најздраво ќе ја задоволите потребата на телото.


Чоколадо - Недостаток на магнезиум

Луѓето кои секојдневно имаат потреба за чоколадо во било каков облик, речиси секогаш патат од недостаток на магнезиум. Затоа во стресните моменти секогаш е подобро при рака да имате јаткасти плодови или семки, а со ручекот задолжително да јадете лиснат зеленчук. А, ако веќе не можете да му одолеете на чоколадото, бирајте го она со висок процент на какао.


Кафе - Недостаток на сол, фосфор, железо или сулфур

Недостатокот на сол најлесно ќе го препознаете по честите главоболки, заморот и раздразливоста, а ако ги забележите овие симптоми почесто користете морска сол и јаболков оцет.

Недостатокот на фосфор доведува до намален апетит, слабост во мускулите и анемија, па за да го спречите, почесто консумирајте житарки од цело зрно, пилешко, говедско, риба, јајца и пивски квасец.

Недостатокот на железо ќе го забележите по опаѓањето на косата, недостатокот на енергија и забрзана работа на срцето. Во овој случај препорачливо е да се храните со месо, блитва, цвекло и брокула. Истовремено пијте и витамин Ц таблети за железото полесно да се апсорбира.

Недостатокот на сулфур во телото ќе го забележите по тенката кожа и помалку отпорното тело на воспаленија. За да го подобрите нивото на сулфур консумирајте зелена салата, јајца, житарки, авокадо, лук, малини и бадеми.


Масна храна - Недостаток на калциум

Калциумот е неопходен за здравјето на коските и забите, а и за нормалното функционирање на мускулите и нервниот систем. Затоа кога ќе добиете желба за масна храна, посегнете по млеко, јогурт, сардина, лосос или брокула. Се препорачуваат и јаткасти плодови и семки од лен.

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава