Зошто сте постојано гладни?

Луѓето се делат на оние кои се гладни кога навистина немаат јадено и оние кои се гладни постојано без разлика дали консумирале храна пред еден час или една минута.

zosto-ste-postojano-gladni-1

Доколку вие спаѓате во овие вторите, ова се можните причини поради кои сте секогаш гладни, дури и кога не сте навистина.

Вие сте дехидрирани

Кога телото има потреба од вода, често таа потреба е помешана со потреба за внесување храна во организмот која се случува во хипоталамусот.

Затоа наредниот пат кога ќе забележите дека сте јадени, а сепак ви се јаде, напијте се вода, можеби потребата ќе се задоволи без храна.


Не спиете доволно

Доколку не спиете доволно, осносно помалку од 7 часа, во организмот се активира хормон грелин кој го стимулира вашиот апетит.


Постојано сте под стрес

Познато е дека кога човечкиот организам е под стрес постојано чувствува потреба да грицка нешто што би му го оттргнало размислувањето од она поради кое е под стрес.

Затоа доколку посакувате да престанете со претерано јадење, намалете го стресот во вашиот живот и не се нервирајте за глупости.


Пиете премногу алкохол

Доколку се напиете чаша вино или пиво пред јадење, тоа го зголемува вашиот апетит и колку што пиете повеќе толку потребата за храна се зголемува, па вие може да се чувствувате гладни, дури и во состојба на прејаденост.


Прескокнувате оброци

Најлошата причина поради која сте постојано гладни е прескокнувањето оброци. Доколку не ги задоволите потребите на организмот кога тој бара да се задоволени, истиот ќе се навикне на тој ритам дури и доколку вие одлучите да го промените.


Опседнати сте со храна

Постојано читате рецепти, гледате кулинарски емисии или слики од храна, па затоа цело време си мислите дека сте гладни дури и кога не сте, стимулирани од вашата зависност од храна.

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg