20 начини како да се храните барем малку поздраво во 2017-та
Сè уште сме на почетокот од новата 2017-та година, а тоа значи дека е вистинско време да почнете со остварување на резолуциите кои си ги зададовте во минатата 2016-та година.

Ако една од тие резолуции ви беше да јадете поздраво, можете да почнете со замена на одредени високо калорични намирници со други, поздрави и помалку калорични производи.
На пример:
1. Враповите, тортиљата и лебот заменете ги со листови од зелка или зелена салата.

2. Мајонезот заменете го со паста од авокадо.

3. Зејтинот додека печете заменете го со обичен јогурт.

4. Оризот заменете го со карфиол.

5. Ако ви се јаде пица, тестото направете го од карфиол наместо брашно, а можете и да додадете поздрави намирници одозгора.

6. А, бидејќи карфиолот е еден од оние зеленчуци кои можете да ги мешате практично со сè, истите можат да бидат одлична замена за компирите во салатата од компир.

7. Па и за да направите пире.

8. Слатките засладувајте ги со урми наместо шеќер.

9. Палачинките јадете ги со овошен компот наместо сируп.

10. Употребете печурки наместо леб за сендвичи.

11. Заменете ја пастата во лазањата со модар патлиџан.

12. Заборавете на пржениот помфрит, истиот заменете го со тиквички.

13. Употребете пире од јаболка наместо шеќер кога готвите.

14. Печените компири можете да ги замените со печени брокули.

15. Павлаката заменете ја со кисело млеко.

16. Користете брашно од цели зрна наместо обично бело брашно.

17. Палачинките од брашно заменете ги со палачинки од банана.

18. Пастата заменете ја со тиквички кои изгледаат како паста.

19. Или истата можете да ја замените и со тиква.

20. Избегнувајте млеко и наместо со него направете си сладолед од пасирани банани и путер од кикирики.

Би можело да ве интересира:
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба)
Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет)
Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не?
Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето
Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат)
Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо)
Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...