Мајсторски трикови: Како да излупите јајце, лук или киви?

Готвачот Дејви Дево од YouTube каналот открива шест неверојатно корисни трикови кои навистина ви го олеснуваат животот.

majstorski-trikovi-kako-da-izlupite-jajce-luk-ili-kivi-001.jpg

За следниот оброк...

1. Отстранување на лушпата од варените јајца

Ставете ги сварените јајца во тегла со вода, протресете ја теглата неколкупати и лушпата сама ќе падне.

2. Отстранување на лушпата од лукот

Ставете го чешнето лук во тегла и тресете ја. Отстранете ја лушпата која почнува да паѓа и продолжете понатаму додека не ја отстраните цела.

3. Лупење на киви

Пресечете го кивито на половина и потоа користете чаша за да ја отстраните лушпата. Овој процес е далеку побрз отколку со нож.

4. Пресечете банана на парчиња

Употребете игла за шиење. На сантиметар оддалеченост направете паралелни пресеци. Кога ќе ја отворите бананата ќе имате веќе пресечени мали парчиња.

5. Отстранување на семките од пиперките

Пресечете ја пиперката од дното до врвот за полесно да ги отстраните семките.

6. Лупење на варен компир

За полесно да ги лупите компирите кои ги варите, пред да ги ставите во водата, пресечете ја лушпата на половина. А, потоа многу полесно ќе ги лупите.

Погледнете го видеото за подетални инструкции: 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...

Најчитани неделава