Избегнувајте ги: 4 типови храна кои ви ја одземаат енергијата

Верувале или не, не се само брзата храна и шеќерот виновници за тоа што сте уморни и без елан.

izbegnuvajte-gi-4-tipovi-hrana-koi-vi-ja-odzemaat-energijata-01.jpg

Следниве неколку јадења треба да ги избегнувате во деновите кога имате многу обврски, за да не предизвикаат намалување на концентрацијата и енергијата.

Салата

Ако за време на паузата за ручек јадете салата, продуктивноста значително ќе ви се намали. Салатите често се само листови марула, морков, краставица и дресинг. Ова не е доволно за да останете будни, бидејќи не внесувате доволно протеини и јаглехидрати, а со тоа и калории кои даваат енергија.

Совет: Во салатата додадете печурки, карфиол или пиперки, како и пилешко месо или киноа.

Банани или јаткасти плодови

Бананите се добри кога имаме грчеви во мускулите, бидејќи содржат многу магнезиум – состојка што ги опушта мускулите и ни помага да заспиеме. Слично како кикириките, бадемите и другите јаткасти плодови кои содржат многу магнезиум.

Совет: Добро е да внесувате храна богата со магнезиум, но во препорачаната дневна доза. Симптоми на недостаток од магнезиум се: губење апетит и замор, па имајте го ова на ум.

Многу доцна вечера

Ако сте вечерале многу доцна претходниот ден, ќе се разбудите уморни и без елан. Особено внимавајте да не се прејадете со месо, јајца или нешто кисело бидејќи најтешко се варат.

Совет: Ако веќе морате да вечерате подоцна, каснете овошје, зеленчук, леб од цели зрна или бадеми.

izbegnuvajte-gi-4-tipovi-hrana-koi-vi-ja-odzemaat-energijata-02.jpg

Благо за време на диета

Ако држите диета или сте на одреден режим на исхрана, кога ќе дојде време да се почестите, не одбирајте благо што содржи многу шеќери, бидејќи организмот тешко ќе го поднесе и веднаш ќе ви се приспие.

Совет: Не го избегнувајте благото целосно, туку одберете нешто полесно. Тенко парче торта или чоколаден мафин е добра идеја.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава