Храна која предизвикува непријатен мирис на телото

Сетилото за мирис е едно од најчувствителните, посебно ако се работи за непријатни мириси и ароми.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-001.jpg

За да не ви биде непријатно кога температурите се променливи или високи, покрај одржувањето на редовната хигиена, важно е да исфрлите неколку намирници од исхраната.

Храна која го поттикнува непријатниот телесен мирис:

1. Домати

Kаротеноидите и терпените се главните виновници за непријатниот мирис на телото предизвикан од големите количини на домати.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-01.jpg

2. Риба

Рибата содржи огромни количини на витамин А, но ако ја јадете во големи количини, целото тело ќе го поприми мирисот.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-02.jpg

3. Зелка и брокула

Иако се богати со антиоксиданси и калиум, зелката и брокулата содржи сулфур кој предизвикува непријатен мирис. Доволни ви се 30g дневно.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-03.jpg

4. Храна богата со влакна

Житарките, јаткастите плодови и муслите ќе ви создадат непријатен мирис на телото само ако не ги консумирате со големи количини на течности.

hrana koja predizvikuva neprijaten miris na teloto 04

5. Чили, кромид, лук

Ова сигурно и самите го знаете и чувствувате. Генерално, избегнувајте лута и зачинета храна во големи количини, посебно ако планирате интимни вечери.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-05.jpg

6. Алкохол

Луѓето кои консумираат алкохол имаат понепријатен телесен мирис и тоа не е тајна.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-06.jpg

7. Целер и репка

Зеленчуци со остар вкус кои е најдобро да ги консумирате зготвени и во мали количини. Добра алтернатива за чистење на непријатниот мирис е и да ги внесувате со големи количини на течности.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-07.jpg

8. Црн чај и кафе

Покрај тоа што ја сушат устата и создаваат кисела средина во стомакот, предизвикуваат и непријатни мириси. Најдобро е да ги замените со зелен чај или свежи пијалаци.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-08.jpg

9. Грашок

Богат е со многу витамини и железо, затоа не треба да го избегнувате, туку само да го искористите следниов трик. Пред да го зготвите, грашокот потопете го 8 часа во вода.

hrana-koja-predizvikuva-neprijaten-miris-na-teloto-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава