Производи кои ќе ви помогнат да го зголемите нивото на витамин Д во организмот

Во периодите кога е постудено, некако како спонтано да ни доаѓа да се збогуваме со голем дел од физичките активности на отворено. Поради ваквата практика многу поретко поминуваме време на сонце, што пак доведува до недостаток на витамин Д.

5-proizvodi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-zgolemite-nivoto-na-vitamin-d-vo-organizmot-2.jpg

На сите ни е многу добро познат фактот дека кога кожата доаѓа во допир со сонце, тоа е еден од најефикасните начини за да го одржувате потребното ниво на витамин Д во својот организам.

Нивото на витамин Д се намалува со текот на времето, но една од причините за тоа е и зголемувањето на телесната тежина кај луѓето. Во принцип витаминот Д е растворлив во маснотиите, поконкретно тој се складира во вашите масни клетки, додека добивате на тежина.

Витаминот Д освен што е значаен за одржување на коските, тој исто така го регулира начинот на кој нашето тело го користи инсулинот, а воедно и ги прави нашите мускули посилни.

Секако исхраната е еден од главните начини за регулирање на внесот на витаминот Д во нашиот организам.

Па, доколку сакате да го зголемите нивото на витамин Д во вашиот организам, на еден здрав и природен начин, потребно е да ги консумирате редовно следниве 5 производи:

Риба

Најефикасен начин за зголемување на витаминот Д по пат на исхрана е јадењето на риба. Особено корисни за оваа намена се лососот и туната.

Преку јадење на само 100гр лосос вие внесувате во организмот 11мг витамин Д, што е речиси колку препорачаната дневна доза за лица од 1 до 70 години, 12,5мг. Рибата е исто така добра за мозокот, но и за здравата работа на срцето.

5-proizvodi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-zgolemite-nivoto-na-vitamin-d-vo-organizmot-3.jpg

Јајца

Јајцата, особено жолчките се исто така одличен избор доколку сакате да го зголемите нивото на витаминот Д. Со јадење на едно големо јајце вие внесувате 1мг витамин Д.

Овие протеински мини-оброци се всушност од суштинско значење за имунолошкиот систем, но и од огромно значење за развој на мозокот. Жолчката од јајце содржи пигменти наречени каротеноиди (особено лутеин и зеаксантин) кои помагаат за подобар вид.

5-proizvodi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-zgolemite-nivoto-na-vitamin-d-vo-organizmot-4.jpg

Џигер

Доколку сакате да јадете високопротеинска храна богата со хранливи материи време е да му дадете шанса на џигерот.

Покрај тоа што 100 гр џигер содржат 1мг витамин Д, една порција од овој оброк содржи речиси целосна препорачана доза витамин Б12, витамин А, рибофлавин и бакар.

5-proizvodi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-zgolemite-nivoto-na-vitamin-d-vo-organizmot-5.jpg

Млеко

Млекото е веројатно еден од ретките начини преку кои што можете да внесувате витамин Д во текот на целиот ден, со оглед на тоа што сигурно нема да јадете лосос и џигер три пати дневно. Една чаша млеко содржи околу 3мг витамин Д.

Пиењето млеко претставува најинтегрирана форма за внес на протеини. Исто така, млекото е богато со калциум што е одлично за здравјето на коските. Доколку сте решени да функционирате без млечни производи, многу видови на млеко од соја и бадемово млеко се збогатени со витамин Д.

5-proizvodi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-zgolemite-nivoto-na-vitamin-d-vo-organizmot-6.jpg

Сок од портокал

Една чаша сок од портокал содржи речиси 20 ИЕ (0,5мг) витамин Д повеќе од внес на истата количина на млеко.

Ова ви е доволно и за да ја примите препорачаната дневна доза витамин Ц, затоа внимавајте во колкава количина го консумирате сокот од портокал.

5-proizvodi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-zgolemite-nivoto-na-vitamin-d-vo-organizmot-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава