Храна која може да ви предизвика главоболки и мигрена

Главоболки и мигрена може да се појават заради голем број на причини, но дел од експертите се сложуваат дека понекогаш може да бидат предизвикани од лекови, промени во ендокриниот систем како и недостаток на сон.

hrana-koja-mozhe-da-vi-predizvika-glavobolki-i-migrena-01.jpg

Покрај овие и многу други фактори, како причина се јавува и погрешниот начин на исхрана, односно храната која ја внесуваме.

Според истражувањата, 10% од лу]ето патат од мигрена заради грешки во исхраната.

Следнава листа ќе ви помогне да дознаете која храна би можела да ви предизвика главоболки. Секако, тоа не значи дека треба целосно да престанете да ја консумирате, но добро е да знаете.

Храна на која треба да внимавате:

Цитрусно овошје

Овие типови овошје содржат многу киселина која влијае на нивото на pH во крвта и ги зголемува шансите за главоболки.

Некои истражувања покажале дека околу 11% од луѓето со главоболки пријавиле дека цитрусното овошје е главниот виновник за тоа.

hrana-koja-mozhe-da-vi-predizvika-glavobolki-i-migrena-02.jpg

Ладна храна и пијалаци

Ако имате навика често да јадете сладолед или да пиете ладни пијалаци набрзина кога сте загреани од физичка активност или топла температура, може да добиете главоболка стимулирана од ладно, која трае до неколку минути.

hrana-koja-mozhe-da-vi-predizvika-glavobolki-i-migrena-03.jpg

Кофеин

Прекумерното консумирање на кофеин може да доведе до главоболки и затоа треба да го лимитирате внесот на кафе до 200-300 милиграми (2-3 шолји кафе). Имајте предвид дека кофеинот може да се состои и во други производи како чоколадо, какао, чај.

hrana-koja-mozhe-da-vi-predizvika-glavobolki-i-migrena-05.jpg

Алкохол

Многумина знаат дека црвеното вино може да предизвика главоболки, но истражувањата покажуваат дека другите алкохолни пи јалаци, како пиво, пенливо вино и други жестоки пијалаци може да направи главата да ви одѕвонува.

Постојат два типа на главоболки од алкохол – едната е типична, која почнува во наредните неколку часа од консумацијата, а другата е задоцнета, или мамурлак.

hrana-koja-mozhe-da-vi-predizvika-glavobolki-i-migrena-06.jpg

Адитиви – додатоци во исхрана

Хемикалиите кои се додаваат во храната најчесто немаат нутритивна вредност и може да имаат негативни ефекти на здравјето.

Тие често може да предизвиквуаат и главоболки, па обидувајте се да избегнувате храна која содржи адитиви.

Штетните додатоци најчесто ги има во конзервирана храна, преработено месо, газирани пијалаци, слатки, сладолед, бонбони, чипсови и многу други производи.

hrana-koja-mozhe-da-vi-predizvika-glavobolki-i-migrena-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат) Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...

Најчитани неделава