Што ќе ви се случи доколку изедете премногу јаткасти плодови?

Нормално, сите знаеме дека јаткастите плодови се неверојатно здрави. Тие се поврзуваат со здраво срце, одлични сојузници се во борбата против ракот, го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест и помагаат во губењето на вишокот килограми.

Sto-ke-vi-se-sluci-dokolku-izedete-premnogu-jatkasti-plodovi-01.jpg

Природни, здрави и неверојатно вкусни грицки, понекогаш може да се заборавите во нивното јадење.

Секако, многу полоша варијанта е чипсот, но иако станува збор за здрави производи, сепак и нивното претерано консумирање со себе носи контра-ефекти.

Прекумерното јадење на јаткасти плодови со себе носи и неколку ризици по здравјето, меѓу кои најсериозни се:

Зголемување на телесната тежина

Многубројните истражувања покажуваат дека јаткастите плодови може да ви помогнат да ги симнете несаканите вишок килограми.

Сепак, треба да го имате предвид следниов факт–овие резултати се постигнуваат само доколку ги јадете во умерени количини.

Ако ја надминете препорачаните дневна доза, ќе се случи токму спротивното и всушност ќе ја зголемите тежината.

Дополнителен проблем е тоа што ова ќе се случи многу побрзо отколку што тоа се случува со некоја друга храна. Имено, оревите се богати со калории, па даваат повеќе енергија од другите видови на храна.

На пример, 30 грама бадеми содржат околу 163 калории, додека истата количина на тестенини содржат само 37 калории.

Проблеми со варењето

Ако некогаш се почувствувате подуено по консумирање на јаткасти плодови, знајте дека не сте единствените.

Надуеноста е чест несакан ефект кој се јавува со претераното јадење на јаткасти плодови, поради фитатите и танините, состојките што го отежнуваат варењето на јатките во желудникот.

Воедно, прекумерната консумација на масти (со кои се богати јаткастите производи) во многу краток временски период може да доведе до дијареја.

Како можете да ги спречите овие непријатни последици? Држете се до препорачаните дневни дози или одберете јаткасти плодови кои се варат побрзо и полесно.

Ризик од труење со селен

Губење на косата, кршливи нокти, непријатен мирис, болки во мускулите и зглобовите - ова се симптомите кои укажуваат на труење со селен.

Ова е ретка, но многу сериозна состојба што може да настане доколку консумирате премногу бразилски ореви (со другите јаткасти плодови сте релативно сигурни дека нема да се затруете).

Бразилските ореви се толку богати со селен што експертите препорачуваат да не јадете повеќе од неколку парчиња дневно, и тоа не повеќе од 2 пати неделно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава