Каква храна треба да носите и да јадете додека сте на плажа?

На одмор, додека уживаме под сонцето и покрај водата, можеме да заборавиме да јадеме редовно, иако тоа треба да го правиме дури и кога ни е претопло, за да го снабдиме телото со доволно хранливи материи, за да го издржи сето тоа пливање и трошење енергија.

kakva-hrana-treba-da-nosite-i-da-jadete-dodeka-ste-na-plazha-001.jpg

Следниве намирници ќе ве освежат и ќе ја одржуваат вашата енергија додека сте на плажа во топлите летни денови, но многу е важно да се има предвид која храна ќе издржи на високи температури што може да бидат и над 40 степени.

Сеедно дали сте некаде на море или на некоја плажа покрај езеро, дали некогаш сте размислувале која е идеалната храна која би ја консумирале на плажа?

Без разлика дали на местото каде што одите има вода за пиење или не, вие задолжително понесете течности (вода, чај, кафе, лимонада...) бидејќи секогаш попрво ќе ожеднете отколку што ќе огладнете.

Uzhivajte-vo-odmorot-no-ne-zaboravajte-da-jadete-i-dodeka-ste-na-plazha-02.jpg

Еден термос, а можеби и два, ви се неопходни, доколку сакате на плажа да имате топло кафе и ладен освежителен пијалок.

Во топлите денови со високи температури сигурно нема да се осмелите да правите скара, но можете, на пример да си понесете нешто веќе подготвено од дома или нешто што може да се јаде свежо.

Не заборавајте, храната за плажа ќе мора да издржи на температура од 40 степени, па погледнете неколку предлози што да јадете:

Салатите се идеални за летно време

Можете да уживате во комбинациите на разни видови зеленчук и јаткасти плодови во разни салати, под услов да не се лесно расипливи како на пример руската салата. Тоа значи дека не смее да содржи месо, мајонез, павлака или сирење.

Наместо тоа, обидете се на пример со салата од рендан свеж морков, рендана зелка, рендано свежо цвекло, сварена блага пченка, малку индиски оревчиња, малку сол и маслиново масло.

Или можете да спакувате исецкани домати, исецкани краставици, неколку маслинки, малку рукола, бадеми, посолено и додадено маслиново масло.

Слободно искористете ја вашата фантазија и направете си свежа салата по ваш рецепт.

kakva-hrana-treba-da-nosite-i-da-jadete-dodeka-ste-na-plazha-02.jpg

Здрави грицки

Јаткастите плодови енергетски се многу силни и брзо ја надополнуваат изгубената енергија од пливањето и активностите на песок. Бадеми, лешници, ореви, печена леблебија, но мора да бидете претпазливи со индиските и бразилските ореви.

Пуканките се одлични за на плажа и многу често може да ги купите на самите плажи, само внимавајте да не претерувате со солта. Семките од тиква и сончогледот, исто така се одлични за на плажа и нутритивно се со многу поголема вредност од индустриските грицки.

Летото е исто така идеално и за варената пченка, а најчесто можете да купите кај продавачите кои шетаат по плажите. Во случај да варите дома, за подолго да останат свежи, чувајте ги во водата во која се вареле, а наредниот ден префрлете ги во пластична кутија и чувајте ги во фрижидер.

kakva-hrana-treba-da-nosite-i-da-jadete-dodeka-ste-na-plazha-03.jpg

Инстантно освежување со овошје

Ништо не го оживува телото додека е на сонце како вкусно овошје. Лубеница, праски, кајсии, капини, малини, боровници, диња, сливи и сите останати сезонски овошки кои можете да ги најдете во блискиот маркет или пазар.

Ставете ги во преносен ладилник, претходно добро измиени и спакувани во пластичен сад кој има капак. Немојте да го сецкате овошјето пред да го пакувате, ако ви е потребно да го исецкате или излупите пред да го јадете, земете нож со вас и направете го тоа непосредно пред да го консумирате.

Доколку сакате од дома да направите смути или свеж домашно цеден сок, имајте на ум дека после неколку часа тој ќе се замириса и ќе оксидира.

kakva-hrana-treba-da-nosite-i-da-jadete-dodeka-ste-na-plazha-03 (1).jpg

Домашен сендвич

Сендвичи можете да направите од помалку расипливите намирници, кои можат да издржат на високи температури. Подгответе ги непосредно пред да тргнете на плажа и спакувајте ги во алуминиумска фолија, која потоа ќе ја обвиткате во хартиена салфета и на крај ќе ги ставите во пластична кеса (на пример, интегрална кифла со сецкана сува пршута, кругови домати, семки од сончоглед, тенки парчиња кашкавал и малку сенф).

За сендвичите комбинирајте разни намирници, но избегнувајте на пример шунката, виршли, колбаси, павлака, мајонез, крем сирење, кајмак, хумус, односно сè што може да се растопи и расипе на повисока температура.

kakva-hrana-treba-da-nosite-i-da-jadete-dodeka-ste-na-plazha-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg