15 начини како да се храните поздраво, а поевтино

Ако внимателно ја разгледате внатрешноста на кесите со кои редовно излегувате од маркет, и потоа ја погледнете сметката, ќе сфатите само едно – давате еден куп пари за нездрава и брза храна.

15-nacini-kako-da-se-hranite-pozdravo-a-poevtino-001.jpg

Доколку и вие спаѓате во групата на луѓе кои тврдат дека за здрава исхрана требаат многу повеќе пари – ве побиваме низ 20 потточки.

Со помош на овие насоки од денес почнете да се храните поздраво и да плаќате помалку:

1. Свежите овошја и зеленчуци купувајте ги на пазар, не спакувани во маркет.

15-nacini-kako-da-se-hranite-pozdravo-a-poevtino-1.jpg

2. Научете дека како купувач имате одредени права и доколку ви биде „подметната“ храна со поминат рок или понизок квалитет, не се плашете да ја вратите.

3. Бидете паметни кога купувате месо. На пример, многу е поевтино да купите цело пиле, отколку само одредени делови.

15-nacini-kako-da-se-hranite-pozdravo-a-poevtino-2.jpg

4. Обрнете внимание на храната со рок кој изминува. 1-2 дена пред истекот на рокот, маркетите ја ставаат оваа храна на 50% попуст.

5. Проверете ја тежината, не „паѓајте“ на амбалажата. Многупати големината на амбалажата може да прелаже, па наместо 1 литар течност, да добиете 900ml за иста цена.

6. Купувајте и подготвувајте количина која сте сигурни дека ќе ја изедете. На пример, ако готвите за двајца, не ги варете сите тестенини.

7. Растете си зеленчуци кои може да се одгледуваат во саксија на тераса или во двор.

8. Држете ред во фрижидерот и чувајте ги сите кашкавали, салами и сосови во соодветни пластични кутии и садови.

9. Не мора да јадете месо трипати во неделата. Некогаш заменете го месото со мешунки.

15-nacini-kako-da-se-hranite-pozdravo-a-poevtino-3.jpg

10. Печете, наместо да пржите. Така го намалувате трошокот за масло и го намалувате неговото консумирање.

11. Заменете ги кесичките чај со свежо набран, сушен чај.

15-nacini-kako-da-se-hranite-pozdravo-a-poevtino-4.jpg

12. Не ги фрлајте остатоците во теглата од мајонез. Додадете малку балсамико и зачини и промешајте. Добивате супер дресинг за салата.

13. Трудете се да не фрлате храна. Стариот леб ставете го на тостер, остатоците од кашкавалот и саламата испечете ги на пица, со остатокот од јогуртот направете тесто...

15-nacini-kako-da-se-hranite-pozdravo-a-poevtino-5.jpg

14. Купувајте житарки од цели зрна. Поздрави се и поевтини, отколку оние со додадени засладувачи и ароми.

15. Одредени продукти може да ги замрзнете дури и откако се зготвени. На пример, паста, леб, варен ориз, пире...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава