Празнична храна која ќе ви го подобри расположението

Празниците не се период од годината кога треба да се грижите за диетата. Имате време да го правите тоа од февруари до декември.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-01.jpg

Секако, доколку веќе имате воспоставен режим на исхрана, препорачливо е да се држите до него и да се обидете колку што можете да одолеете на второто парче торта или на пирето од компири со путер.

Иако се работи за прилично калорична храна подготвена со намирници кои вообичаено не би ги ставиле на своето мени, има нешто смирувачко и орасположувачко во богатата празнична трпеза. Ваквата храна ви ја подобрува менталната состојба и го зголемува лачењето на ендорфин.

Па, навалете:

Риба и салата со морски плодови

Во деновите кога се пости, рибата и морските плодови се чест избор за празничната трпеза. Оваа храна е богата со омега 3 масни киселини и протеини кои помагаат да се орасположите кога ќе ве зафати меланхолија или анксиозност.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-02.jpg

Пити, кифли и леб

Ако цела година сте се држеле настрана од лебот, овој период дозволете си да пробате од вкусните домашни теста. Не ги занемарувајте ни другите јаглехидрати како што се компирите и тиквата.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-04.jpg

Парче сочно месо

Било да се работи за свинско, пилешко или мисиркино месо, слободно земете едно парче. Аминокиселините ќе ви помогнат да се релаксирате и да се ослободите од анксиозноста.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-05.jpg

Компири

Без разлика дали се работи за помфрит, печени или варени компири, тие имаат огромен потенцијал да ве ослободат од анксиозноста. Јадете ги како прилог или како самостоен оброк.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-07.jpg

Десерт

Десертите, особено оние кои содржат ореви, лешници и темно чоколадо го стимулираат лачењето на сератонин, а со тоа и доброто расположение. Внимавајте да не претерувате со количината, но не морате ниту да избегнувате да изедете едно парче вкусна торта или колач.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-03.jpg

Топло чоколадо или какао

Какаото е богато со магнезиум и антиоксиданси кои ќе го подигнат вашето расположение веднаш. Додадете малку цимет, а за повеќе возбуда, можете да ставите неколку капки виски или рум.

praznichna-hrana-koja-kje-vi-go-podobri-raspolozhenieto-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава