Трик како да ја избегнете брзата храна

Брзата храна често е и неодолива и предизвикувачка дури и за најстабилните карактери. Дури и ако сте поборник на здравата храна, сигурно некогаш сакате да уживате во бургер, пица, помфрит, палачинки или чипс.

ne-sakate-da-jadete-brza-hrana-mirisajte-ja-01.jpg

Според истражување од јануари 2019 година, одговорот на нашата желба за брза и нездрава храна е во нашите носови. Всушност, ние повеќе реагираме на нивните ароми, отколку на изгледот и на самиот вкус.

Сигурно сте забележале дека кога ќе помирисате нешто, ви се отвора апетит токму за тоа - покрај пекарница за некое печиво или покрај ресторан за месо на скара.

Токму тој мирис влијае на тоа каков избор на храна ќе направиме. Кога сте во кино, знаете дека обични пуканки се поздрав избор, но бидејќи насекаде мириса на путер, се одлучувате за такви. Според истражувањето, ако две минути сме изложени на мирисот на храната, многу е веројатно дека ќе се заситиме од него и дека на крај нема да влеземе и да купиме бурек или сендвич со помфрит.

ne-sakate-da-jadete-brza-hrana-mirisajte-ja-02.jpg

Трикот е во тоа што од некој мирис можеме да се презаситиме и да ни стане одбивен. На пример, кога готвите, колку и ентузијазам да вложувате, може да се случи воопшто да не ви се јаде од храната, бидејќи во процесот на готвење премногу сте изложени на мирисите на состојките.

Кога чувствувате мирис на брза храна помалку од 30 секунди, тогаш ви се отвора апетитот. Затоа, следниот пат почекајте барем една минута. Откако ќе се презаситите, многу полесно ќе ви биде да го изедете здравиот ручек, без да мислите на парчето пица кое го видовте во киоскот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава