Храна која може да биде опасна по здравјето ако ја јадете во погрешно време

Иако секој човек денес тежнее кон тоа да се храни поздраво и поквалитетно, сепак недостатокот на информации во врска со храната може да создаде проблем.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-01.jpg

На пример, кој би рекол дека бананите се јадат во точно одредено време?

И дека кафето се пие во одреден дел од денот?

Доколку не сакате здравјето да страна, мора да внимавате на тајмингот кога ги консумирате следниве работи:

Банани

Иако бананите се чинат како супер брз појадок, ако ги јадете на празен стомак, само ви ја црпат енергијата.

Јадете банани во комбинација со друга храна која ја заголемува енергијата, како на пример путер од кикиритки.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-02.jpg

Кафе

Иако кафето е првата работа која многумина ја прават наутро, пиењето на гладно ви го нарушува биоритамот на телото.

Почекајте барем 2 часа откако ќе се разбудите за да го испиете вашето прво кафе.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-03.jpg

Ориз

Колку и да сакате суши или индиска храна навечер, попаметно би било да ја изедете попладне, бидејќи оризот има комплексни јаглехидрати кои долго време се разложуваат и варат.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-04.jpg

Слатки

Главната грешка ја правите кога јадете благо на празен стомак, односно слатките ви се ужина или лесен оброк.

Благите работи најдобро е да ги јадете по здрав, главен оброк, за нивото на шеќер во крвта да не трпи драстични промени.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-05.jpg

Месо

Месото е тешко за варење, па треба да го консумирате најдоцна 3 часа пред да си легнете да спиете.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-06.jpg

Јаткасти плодови

Исто како и со месото, им треба многу време да се сварат, па најдобро е да ги консумирате порано во денот, за да немате проблеми со сонот.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-07.jpg

Цитрусни овошја

Почнувањето на денот со свежо цеден лимон или портокал не е најпаметна идеја. Цитрусните овошја се премногу кисели и можат да го раздразнат желудникот, доколку во него нема храна.

hrana-koja-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto-ako-ja-jadete-vo-pogresno-vreme-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава