5 грешки кои ги правите при подготовка на месо

За подготовка на вкусно пилешко или бифтек не треба да бидете професионалци, додека се придржувате до советите на познатите готвачи. Готвачите советуваат месото да се исуши со хартиени крпи пред печење. 

Ova se najcestite greski sto gi pravime pri podgotvuvanje na meso 01

Доколку го одмрзнувате месото, оставете го во фрижидер неколку часа за да не стане влажно.

Исто така, добро е да го посолите месото најмалку 45 минути пред да го печете, бидејќи побрзо ќе ја достигнете температурата на која се добива посакуваниот резултат и сл.

Ова се најчестите грешки што треба да ги избегнувате доколку сакате да подготвите вкусно месо:

Го одмрзнувате месото на погрешен начин

Месото е најдобро да се одмрзне во фрижидер. Извадете го од замрзнувачот, оставете го во солена вода и ставете го во фрижидерот, додека не омекн е.

Не само што ќе го намалите ризикот од бактерии, туку месото нема да се испече само на површината, како што е случајот со одмрзнувањето на месото во микробранова печка.

Ставаме ладно месо во тава

Ако го ставате местото од фрижидерот директно на тавата, резултатот ќе ве разочара. Ако сакате фино и сочно месо, оставете го на собна температура најмалку 15 минути, но не подолго од еден час надвор од фрижидерот.

Нетрпеливо го додаваме месото во тавата

Ако тавата не е доволно топла, месото ќе се залепи, а целата сочност ќе се изгуби. Готвачите советуваат прво да ставите малку масло на тавата, а кога тавата доволно ќе се загрее ставете го месото.

Ova se najcestite greski sto gi pravime pri podgotvuvanje na meso 02

Премногу брзо ги превртуваме парчињата

Месото е подготвено да се сврти кога ќе престане да се лепи за тавата. Проверете го ова со кревање на работ на месото - ако има златно кафеава боја и не се лепи, тогаш е време да се пржи од другата страна.

Само тогаш ќе добиете убава крцкава кора.

Премногу ја зголемувате или намалувате топлината

Идеално, температурата треба да биде силна на почетокот, додека месото не добие боја, потоа треба да се намали на средна јачина. Додека го пржите месото, не се оддалечувајте од кујната, но немојте постојано да ја ротирате тавата, бидејќи месото ќе го изгуби вкусот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава