Овошја и зеленчуци што е подобро да ги купувате замрзнати
Спанаќ
Ако планирате да го јадете спанаќот суров, тогаш купете свеж. Но доколку го готвите, замрзнатиот е подобра опција.
Пченка
Пченката е навистина вкусен зеленчук што можете да го комбинирате со многу јадења. Но, сите знаеме колку е тешко да ја подготвите пченката купена со кочан.
Можете да купите и конзервирана пченка, но замрзнатата е подобар избор бидејќи нема конзерванси и многу сол.
Праски
Не мора да го чекате летото за да уживате во праските. Замрзнатите праски се исто добри и можете да ги користите за разни десерти и слатки оброци.
Брокула
Брокулата е богата со витамин Ц, но нејзиниот рок на траење е многу краток.
Замрзнатата брокула подолго ги задржува важните хранливи материи, но и ќе ви го олесни готвењето.
Боранија
Со замрзнување, се задржуваат и до 90% од Б витамините во боранијата. Слично како и со другите зеленчуци, користењето замрзната боранија сигурно ќе ви го олесни и готвењето.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





