Овошја и зеленчуци што е подобро да ги купувате замрзнати
Овошјето и зеленчукот се важен дел од нашата исхрана, но проблемот може да биде нивниот рок на траење.
Веројатно не сакате да фрлате храна, но понекогаш немате време да изедете сè пред да се расипе.
Замрзнатата храна има подолг рок на траење, а истото важи и за замрзнатите овошја и зеленчуци. А, дел од нив е дури и подобро да ги купувате замрзнати.
Погледнете за кои станува збор:
Бобинки
Сите бобинки, како јагоди, боровинки и малини, е подобро да ги купувате замрзнати. На овој начин не само што ќе ви траат подолго, туку и ќе ги задржат најважните хранливи материи.
Моркови
Замрзнатите моркови се одличен избор, бидејќи на овој начин најмногу се задржуваат бета каротенот и антиоксидантите.
Манго
Мангото е овошје што се расипува брзо, а и со самото лупење губите голем дел од овошјето.
Замрзнатото манго ќе трае подолго и е многу полесно за употреба.
Грашок
Наместо да купувате свеж грашок, кој потоа треба да го чистите и приготвувате, многу подобро е да набавите замрзнат.
Замрзнатиот грашок лесно се додава во супи, чорби и салати, а истовремено е и еден од најздравите зеленчуци.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





