Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Домаќински трикови со кои максимално ќе ги искористите овошјето и зеленчукот

Знаевте ли дека нема потреба да ги фрлате корите од портокал, па дури ни зелените листови на морковот и цвеклото?

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-01.jpg

Има начин да ги искористите речиси сите делови од овошје и зеленчукот и со нив да направите многу вкусни јадења.

Во продолжение дознајте како:

Направете чипс од лушпите од компири

Нема потреба да ги фрлате лушпите од компири, туку со нив можете да направите вкусен чипс.

Откако ќе ги излупите компирите, добро исчистете ги лушпите со вода и оставете ги да се исушат.

Потоа ставете ги во поголем сад, додајте маслиново масло и сол и добро промешајте.

На крај ставете ги во тава и печете ги 15-тина минути на 200 степени.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-02.jpg

Слатка кора од портокал

Можете да ја искористите и кората од портокал и да направите здрави цитрусни слатки.

Можете да го пробате овој рецепт.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-03.jpg

Песто од ливчиња од морков

Од зелените листови на морковот можете да направите песто сос.

Добро измијте ги листовите и измешајте ги со спанаќ, свеж босилек, кромид, лимонов сок, малку маслиново масло и сол. Ставете ги сите состојки во блендер и вашиот песто сос е готов.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-04.jpg

Пржени листови од цвекло

Листовите на цвеклото имаат вкус сличен како кељ и од нив можете да направите здрав оброк.

Најпрво ставете ги листовите во тенџере со вода, варете ги околу 2 минути, па ставете ги во студена вода.

Потоа на тава пропржете малку лук и додајте ги листовите и зачини по желба. Во смесата можете да додадете и друг зеленчук.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-05.jpg

Супа со остатоци од зеленчук

За ова можете да го користите кој било зеленчук, но добро би било да додадете и кромид и лук за подобар вкус. Истовремено, избегнувајте зеленчуци како брокула или карфиол, бидејќи можат да ѝ дадат горчлив вкус на супата.

Сите остатоци од зеленчуците складирајте ги во замрзнувач. Овде можат да траат и до шест месеци.

Кога ќе соберете повеќе остатоци, ставете ги во тенџере со вода и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, оставете ја смесата да се крчка уште половина час.

На крај прецедете ја течноста.

Добиената смеса можете да ја чувате четири дена во фрижидер и да ја користите за супа и додаток за секакви јадења.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јагоди, тиквички: 10 совети како да го одберете најквалитетното овошје и зеленчук на пазар За многу видови овошје, бојата воопшто не е пресудна за вкусот. Бојата на црешит...
Месо, тестенини: Совети кои ако ги примените ќе готвите како професионалец (иако сте аматери во кујн... Ако готвењето не ви е силна страна, а сепак имате желба да направите нешто спект...
Банана наместо јајца и уште 7 состојки што лесно можете да ги замените со други Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg