Слатко од кора од портокали

Сите кои сакаат да направат, пробаат и послужат нешто ново, сега е идеално време да го пробате овој рецепт за слатко од кора од портокали.

slatko-od-kora-od-portokali-1.jpg

Вкусот е освежителен, а мирисот додека го подготвувате буквално ќе биде ароматерапија за сите околу тенџерето.

Потребни состојки:

  • 4-5 портокали
  • На 100g кори оди 150g шеќер
  • Вода
  • 1-2 лимони

Подготовка:

Убаво измијте ги портокалите и излупете ја кората на 4 крупни парчиња.

Секое парче исечете го на тенки ленти од 1 до 5 сантиметри, по желба.

Секое парче потоа свиткајте го како полжавче и нанижете на конец.

slatko-od-kora-od-portokali-4.jpg

Измерете ја тежината на кората.

Ставете ги полжавчињата од портокали во лонец и прелијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат 24 часа. Добро би било да ја промените водата 3-4 пати во текот на тие 24 часа.

Исцедете и во лонецот ставете вода колку да ги прекриете корите, па ставете на шпорет да зоврие. Во зовриена вода ставете ја кората и варете 5 минути. Исцедете и повторете 5-6 пати.

slatko-od-kora-od-portokali-3.jpg

Ставете колку што сте измериле (150g на 100g портокали) и додадете вода додека не добиете густ сируп, односно шербет. Додајте ги полжавчињата од портокал.

Варете на тивок оган додека сирупот не се згусне, а кората не стане проѕирна.

slatko-od-kora-od-portokali-2.jpg

Кога варењето е при крај, додадете лимон исечен на кругови и доварете уште 10-15 минути.

Готовото слатко покријте го со влажна крпа, а кога ќе се олади тогаш претурете го во тегли.

slatko-od-kora-od-portokali-5.jpg

Напомена: Од 2 портокали се вадат околу 100 до 150g кори.

Послужување: Слаткото може да се користи за торти и колачи или да се јаде чисто. Сирупот може да се раствори со вода и да се добие сладок сок.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава