Домаќински трикови со кои максимално ќе ги искористите овошјето и зеленчукот

Направете вотка со овошен вкус

Ако имате овошје што е пред расипување, можете да го искористите за да направите вотка со овошен вкус.

Две шолји исечкано овошје прелијте со 3 шолји вотка. Најдобро е смесата да ја ставите во тегла и добро да ја затворите. Потоа поставете ја на место со директна светлина и оставете да отстои 3 до 5 дена.

Секој ден протресувајте ја смесата, а на крај прецедете го алкохолот.

Овошната вотка можете да ја чувате во обично шише.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-07.jpg

Стариот леб искористете го за домашни крутони

Ако имате стар леб, исечете го на коцки, ставете го во тава подмачкана со маслиново масло, додајте сол, бибер и зачини и по желба и печете додека крутоните не добијат златно-кафеава боја.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-08.jpg

Замрзнувајте ги свежите продукти

Ако често ви се случува да фрлате овошје или зеленчук, можеби најдобро е да ги чувате замрзнати.

Постојат многу начини да го замрзнете овошјето или зеленчукот, а овде можете да погледнете како најдобро да ги замрзнете црешите. Истиот трик можете да го искористите и за други овошки.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-09.jpg

Кисел зеленчук

Туршијата се прави во речиси секој дом во Македонија, па сигурно лесно ќе најдете рецепт од вашата баба.

Ако сте купиле повеќе зеленчук од потребното и сметат дека ќе се расипе, секогаш можете да го искористите за туршија која може да трае многу долго.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-10.jpg

Леб од банани

Не мора да ги фрлате ни потемнетите банани – искористете ги да направите вкусен и здрав леб од банана. Рецептот можете да го најдете овде.

trikovi-so-koi-maksimalno-kje-gi-iskorisite-ovoshjeto-i-zelenchukot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...

Најчитани неделава