Храна која најдобро го хидрира телото - за оние кои забораваат да пијат вода

Летото е речиси пред прагот и иако температурите сè уште се пониски, веројатно наскоро ќе ги дочекаме и топлите летни денови. А, сите знаеме дека на топло време, мораме да внесуваме повеќе течности.

odlichna-za-toplite-letni-denovi-hrana-koja-najdobro-go-hidrira-organizmot-01.jpg

Во летните денови е навистина лесно да дехидрирате, дури и без да биде терет. Експертите велат дека штом сте почувствувале жед, веќе се соочувате со блага дехидратација.

Ако немате навика често да пиете вода, можете да му помогнете на вашиот организам со некои видови храна.

Во продолжение погледнете која храна најдобро го хидрира вашиот организам (процентите го покажуваат приближното количество вода во еден плод):

Лубеница: 92% вода

Доволно е едно парче лубеница за да замените една чаша вода. Уште подобро е што има малку калории – во едно парче има околу 86 калории.

odlichna-za-toplite-letni-denovi-hrana-koja-najdobro-go-hidrira-organizmot-02.jpg

Јагоди: 92% вода

Јагодите можете да ги јадете свежи, да ги додадете во смути, или да ги ставите во вода за да ѝ го подобрите вкусот.

odlichna-za-toplite-letni-denovi-hrana-koja-najdobro-go-hidrira-organizmot-03.jpg

Краставици: 96% вода

Исто како јагодите, и краставиците можете да ги јадете свежи или да ставите неколку парчиња во бокал со вода. Истовремено, краставицата можете да ја користите и за хидратација на кожата на очите – исечете две крукчиња и оставете ги неколку минути на очните капаци.

odlichna-za-toplite-letni-denovi-hrana-koja-najdobro-go-hidrira-organizmot-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава