Колку млекото е потребно за здрава исхрана на децата?

Динамиката на растот и развојот на детскиот организам ја поставува исхраната. Здравата и балансирана храна подразбира консумирање биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби на детето и секако, да обезбедат квалитативен и квантитативен внес на хранливи материи во организмот.

kolku-mlekoto-e-potrebno-za-zdrava-ishrana-na-decata01.jpg

На децата им треба урамнотежена исхрана со сите видови храна - зеленчук и овошје, производи од цели зрна и протеинска храна. Односно секојдневно детето треба да внесува комбинација од неколку житарки, различни видови зеленчук и овошје, протеини, растителни и животински и млеко и млечни производи.

Млекото е еден од клучните елементи кои треба да ги содржи детскиот оброк. Секојдневното консумирање млеко и млечни производи е важно затоа што содржат лесно искористлив калциум клучен за развојот на детето, за градење на коскената маса и за зацврстување на коските, а уште и неопходните и корисни протеини.

Токму заради доброто и достатното снабдување на младиот организам со сите витамини и минерали, дури и оние што децата тешко ги примаат, постојат млека чиј состав е збогатен со витамини и минерали, како Битолското млеко со 10 витамини. Составот на ова млеко е збогатени со десетте најнеопходни витамини, витамин А, витамини од спектарот Б, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9 и Б12, витамин Е и особено важниот во комбинација со калциумот, витаминот Д3, затоа што ја подобрува апсорпцијата на калциумот од млекото и неговата максимална искористеност. Витаминот А помага во развојот на видот, одржување добра кожа, како и го зајакнува организмот против инфекции. Витаминот Б6 помага за зајакнување на имунитетот, Б1 за цврсти мускули а Б3 за енергија.

Тоа е клучот за здрава и урамнотежена исхрана, бидејќи секој вид храна има единствена мешавина од хранливи материи - макронутриенти (јаглени хидрати, протеини и маснотии) и микроелементи (витамини и минерали), чија функција е и зајакнување на организмот за полесна одбрана од вируси, болести, настинки.

Покрај здравата и адекватна исхрана за децата, исто е важно уште од раното детство да се создадат здрави навики во исхраната посебно за консумирање, разновидна и избалансирана храна.

Би можело да ве интересира:

Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава