Како да препознаете кога авокадото е зрело и како да го чувате правилно?

Обично авокадата во продавниците не се зрели, па откако ќе ги купите треба да почекате неколку денови. Проблемот е што после неколку денови можеби и ќе заборавите дека сте купиле авокадо, па ќе го испуштите краткиот период кога тоа е добро за јадење и, на крај, ќе мора да го фрлите.

kako-da-prepoznaete-koga-avokadoto-e-zrelo-i-kako-da-go-chuvate-pravilno01.jpg

Ако сте љубител на авокадо сигурно сте се нашле во ваква ситуација, и тоа неколкупати, па веројатно ќе ве интересира како е најдобро да го чувате дури да дојде време да го јадете.

Како да препознаете дали авокадото е зрело за јадење?

Како бананите и доматите, и авокадото е овошје кое продолжува да зрее откако ќе се набере. А откако ќе го купите, можете да одредите дали е зрело набљудувајќи ја неговата боја, но и неговата цврстина.

Само, кога ќе ја проверувате цврстината, немојте да го притискате со прстите, туку нежно притиснете го авокадото со целата дланка. Во спротивно голема е веројатноста да се појават темни дамки на местата каде што сте го притиснале со прстите.

Незрелото авокадо има светло зелена боја и е цврсто на допир. Ако купите вакво авокадо, обично ќе му требаат 4-5 дена за да созрее.

Речиси зрелото авокадо има малку потемна боја и е малку помеко од зеленото. Во овој случај му требаат уште ден-два за да созрее.

Зрелото авокадо е меко на допир и има темнозелена боја.

Презреаното авокадо има речиси кафена боја и е многу меко на допир. Не е проблем да го изедете и во оваа фаза, но вкусот дефинитивно ќе му биде променет.

kako-da-prepoznaete-koga-avokadoto-e-zrelo-i-kako-da-go-chuvate-pravilno-02.jpg

Како најдобро да го чувате авокадото?

Постојат неколку начини на чување, во зависност од зрелоста на авокадото и тоа кога планирате да го јадете. Ако, на пример, сакате да го забавите зреењето, тогаш е најдобро да го чувате во фрижидер. Ако, пак, сакате да го изедете побрзо, можете да го чувате во хартиена кеса со овошје кое исто така зрее откако ќе се набере – како банана.

Зеленото авокадо можете да го чувате на собна температура, но само ако планирате да го изедете за 4-5 дена. Ако го чувате во фрижидер, ќе го забавите овој процес и ќе му го продолжите рокот на траење до околу две недели.

kako-da-prepoznaete-koga-avokadoto-e-zrelo-i-kako-da-go-chuvate-pravilno-03.jpg

Зрелото авокадо би требало да го изедете веднаш. Сепак, можете да го чувате и во фрижидер, но не подолго од ден-два.

Исеченото авокадо може да потемни поради кислородот, па ако сакате да го чувате неколку денови, напрскајте го со лимонов сок или оцет и ставете го во фрижидер.

На овој начин ќе ја забавите реакцијата помеѓу воздухот и ензимот што го предизвикува потемнувањето. Можете и да го завиткате пресеченото авокадо во пластична фолија и да го ставите во фрижидер. Сепак, не очекувајте долго да истрае.

kako-da-prepoznaete-koga-avokadoto-e-zrelo-i-kako-da-go-chuvate-pravilno-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава