Зошто чизкејкот никогаш не ви излегува како на сликите?

Рецептот се чини едноставен, ги следите сите чекори, но чизкејкот никако да ви успее... Каде грешите?

zosto-cheesecakeot-nikogas-ne-vi-izleguva-kako-na-slikite-01.jpg

Ако порано чизкејкот се сметаше за комплициран десерт, сега има толку многу поедноставни алтернативни за негово домашно подготвување и уживање.

Но, зошто упорно не ви излегува како на сликата?

Состојките се преладни

Ако тестото никако не ви излегува крцкаво и суво, тогаш веројатно користите преладни состојки. Односно, путерот треба добро да омекне на собна температура, како и јајцата кои треба да отстојат неколку часа надвор од фрижидерот.

Дури потоа може да ги вметнете во рецептот.

zosto-cheesecakeot-nikogas-ne-vi-izleguva-kako-na-slikite-1.jpg

Колачот предолго се пече

Ако колачот постојано ви делува недопечен, па на своја рака решавате да го оставите уште 10-тина минути во рерна – грешите.

Вистинскиот чизкејк во средина е недопечен, односно течен.

zosto-cheesecakeot-nikogas-ne-vi-izleguva-kako-na-slikite-3.jpg

Прерано го сечете колачот

Свежо печениот чизкејк изгледа совршено, но не е веднаш за јадење. Тајната е да преноќи во фрижидер, за потоа да извадите совршени, сочни триаголници.

zosto-cheesecakeot-nikogas-ne-vi-izleguva-kako-na-slikite-4.jpg

Пробајте и: Без печење: Чоколаден чизкејк

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава