Трикови и начини како здравата храна да ја направите уште поздрава

Колку и да мислите дека свежата, сирова храна секогаш е најдобрата можна опција, во некои случаи грешите. Исто важи и за лупењето на одредени овошја.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-001.jpg

Ова се трикови и начини како здравата храна може да ја направите уште поздрава:

Банани

Никогаш не ги лупете лентите кои остануваат под кората. Во нив се собрани голем дел од водата и хранливите вредности на овошјето.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-1.jpg

Домати

Иако варењето на доматите се чини како погрешна опција, сепак готвените домати испуштаат повеќе антиоксиданти од свежите.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-2.jpg

Компири

Консумирањето на компирите заедно со лушпата е секогаш подобра опција, бидејќи во неа се содржани големи количини витамини Б и Ц, железо, калциум и калиум.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-3.jpg

Јаболка

Исто како и компирите, јаболката секогаш јадете ги со лушпа. Во неа се содржани здрави антиоксиданти кои позитивно влијаат врз здравјето на мозокот и срцето.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-4.jpg

Јајца

Половично сварената жолка е секогаш поздрава отколку тврдо вареното јајце или изматената, пропржена кајгана.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-5.jpg

Мешунки

Кога гравот и леќата ќе ги потопите во топла вода пред готвењето, ќе бидат полесни за јадење. Дополнително, сите хранливи материи полесно се апсорбираат во телото ако плодовите пред готвењето се потопат и отстојат.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-6.jpg

Зелен зеленчук

Сè што е зелено – треба да се јаде свежо и не трпи високи температури. Готвењето на кој било начин ги уништува витамините Ц, Б1 и Б5.

trikovi-i-nacini-kako-zdravata-hrana-stanuva-uste-pozdrava-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава