Грав и сирење – 7 „опасни“ комбинации на храна кои не е пожелно да ги консумирате

Понекогаш сме толку многу зафатени со секојдневните обврски што воопшто не обрнуваме внимание на намирниците што ги внесуваме во организмот.

Opasni-kombinacii-na-hrana-koi-ne-e-pozelno-da-gi-konsumirate-01.jpg

Вистината е дека многу комбинации на храна се лоши за дигестивниот систем, го оптоваруваат телото, но и умот, па крајно време е да престанеме да ги консумираме во ваква лоша симбиоза:

Краставици и домати

Ова е навистина тешка вест „за варење“ за сите оние кои обожаваат шопска салата. Но, верувајте дека комбинацијата ѝ е уште потешка за варење на организмот.

Доматите и краставиците се варат многу различно во желудникот. Поединечно и нема некои проблеми, но во комбинација процесот е отежнат.

Ќе почувствувате надуеност, главно поради вишокот сол и неговото задржување во телото, што дополнително создава отоци.

Кафе со производи од тесто

Кафе и кроасан звучи како одлична идеја за појадок, нели? Погрешно. Производите полни со јаглехидрати содржат многу калории во себе и инстантно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Доколку пак се напиете огромна шолја кафе со некоја ваква „тестеста“ храна, нивото на шеќер во крвта може да се зголеми до 65%.

Слатки и алкохол

Алкохолот има тенденција да го претвори шеќерот во заситени масти кои лесно може да се акумулираат во телото.

Оваа лоша комбинација, освен што ќе ве преполни со калории и шеќери, ќе ви создаде и страшна главоболка, предизвикувајќи умор и летаргија.

Компири и месо

Иако ова е една од нашите омилени комбинации на трпезата, мешањето на протеини и јаглехидрати е погубно за организмот.

Процесот на варење е исклучително долг, бавен и отежнат, а ќе почувствувате надуеност и тегоби во стомакот.

Млечни производи и мешунки

Комбинацијата на храна која вклучува мешунки од типот на грав, леќа, ориз и млечни производи како сирење и кашкавал ќе направи да се чувствувате подуено и полни со гасови.

Вода со храната

Доколку пиете вода заедно со оброците, верувајте дека тоа е една од најлошите комбинации.

Водата има тенденција да ги разредува стомачните киселини, кои се од суштинско значење за варењето на храната.

Ова може да му падне тешко на стомакот и да го натера да работи повеќе за да ја свари храната.

Јаткасти производи и маслиново масло

Јаткастите продукти едноставно не одат заедно со маслиновото масло. Маснотиите во маслото и протеините во јатките може да предизвикаат пречки во процесот на варењето на храната и да ви создадат силни мачнини, па дури и нагони на повраќање.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава